Флорие Љачи
Биографија
Флорие Љачи има 26 години работно искуство во Агенција за вработување на Република Северна Македонија. Во АВРСМ, Флорие е одговорна за истражување и анализа на трендовите на пазарот на труд и за вештините потребни на пазарот на труд. Како претставник на АВРСМ соработува со странски организации на бројни проекти.
Флорие има учествувано во многу локални и меѓународни конференции како говорник на теми поврзани со состојбата на пазарот на труд во Република Северна Македонија, теми поврзани со потребите и понудата на пазарот на труд како и за родовата еднаквост во процесот на вработување.
Флорие е магистер по Меѓународно право и меѓународни односи и право на ЕУ стекнато во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Член е на: Национална женска организација, СОС линија за семејно насилство и СОС детско село.