Дигитални

решенија

за туризам

РЕГИСТРАЦИЈА

За настанот

Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ на Швајцарската агенција за развој и соработка, во партнерство со Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“- Охрид и Факултетот за туризам и угостителство – Охрид при Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола организираат настан за презентација на дигитални решенија развиени од стартап, микро и мали ИКТ компании, кои се подобни за дигитализација на работењето на компаниите од секторот туризам.

На настанот ќе бидат презентирани дигитални производи и услуги во сегментот на е-резервации, е-плаќања, е-продавници, дигитално мени, дигитална рецепција, веб страници, дигитален маркетинг и промоција, управување со човечки ресурси, финансии и слично.

Учесници: На настанот се поканети да земат учество сите компании од секторот туризам кои се заинтересирани за дигитални решенија и дигитализација на нивните бизниси.

Време: Настанот ќе се одржи на 7-ми јуни 2022 година, со почеток во 11:00 часот.

Место: Настанот ќе биде организиран во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“- Охрид. 

Пријавување: Пријавувањето се прави електронски преку пополнување Форма за регистрација. Сите заинтересирани учесници кои ќе ја пополнат Формата за регистрација ќе добијат потврда за присуство на настанот. За повеќе информации, ве молиме погледнете ја секцијата Пријавување.

Јазик: Работен јазик на настанот е македонски.

Агенда

Време Активност
10:45 – 11:00 Регистрација
11:00 – 11:10 Отворање на настанот
11:10- 12:00 Дел 1 – Панел дискусија на тема „Дигитализација – предуслов  за развој на туризмот“

– Проф. Доцент д-р. Александар Карадимче, Декан на Факултетот за информатички и комуникациски науки  при Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“- Охрид

– Проф. д-р. Цветко Андреески, Декан на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид при Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола

– Д-р. Љупчо Јаневски, Директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот

– Г. Лусиен Агертер, Заменик Амбасадор на Швајцарија во Република Северна Македонија

12:00- 13:00 Дел 2 – Презентација на дигитални решенија

Дигитален рецепционер – достапен 24/7 на повеќе јазици – CodeWell AI

Дигитално мени, дигитализирана собна послуга – OrderThis

Online продажба на туристички аранжмани – Merakzy

Промоција преку виртуелна технологија – Tripoverse

Е-продавници, веб-страници и дигитален маркетинг – Vendor

Следење и менаџирање на возила, велосипеди, АТВ и други средства – Bransys EZtoTrack

Софтвер за управување со човечки ресурси – Widnet HR Portal

Е-финансии, е-фактури, е-трошоци – Fakturiraj.mk (GoEasy)

13:00- 13:30 Дел 3 – Предизвици на патот на дигитализација за секторот туризам

– Интерактивна сесија и дискусија со присутните гости од секторот туризам

– Сесија за прашања и одговори

13:30- 14:30 Дел 4 – Коктел, вмрежување и Б2Б средби

Дигитални решенија

CodeWell AI е платформа која ќе ви овозможи креирање дигитални асистенти базирани на вештачка интелегенција, со цел автоматизација на процесите и подобрување на корисничкото искуство за вашите посетители- туристите.

Замислете си го совршениот дигитален рецепционер достапен 24/7, кој би можел да услужи неограничен број на гости истовремено, притоа овозможувајќи персонализиран пристап и одговор на сите нивни прашања и барања. Дигиталните асистенти можат да комуницираат со вашите потенцијални или тековни посетители на ниво на човек.

Платформата CodeWell AI e единствената во светот која овозможува кореспонденција на македонски и албански јазик.

Повеќе информации може да погледнете на следниот линк.

OrderThis e платформа за нарачување и дигитално мени за гостите во угостителските и хотелски објекти.

Апликацијата го автоматизира процесот на нарачување и овозможува гостите да нарачаат директно од својот мобилен телефон. Ресторанот има на располагање флексибилност да креира промоции и попусти и да прави инстантни промени. Користењето на OrderThis  ја подобрува ефикасноста на персоналот и ги зголемува приходите на угостителскиот објект.

OrderThis исто така нуди опција која овозможува да се користи како собна послуга од страна на хотелите со нудење на мени на повеќе јазици и опција гостинот директно да нарача од својот мобилен телефон.

Повеќе информации може да погледнете на следниот линк.

Merakzy претставува комплетно софтверско решение за автоматизација на работењето на туристичките агенции и онлајн продажба на аранжмани на Балканот.

Решението е развивано повеќе од пет години, креирано и моделирано сè со цел да им помогне на македонските тур-оператори и туристички агенции во организација на закупот и да им  ја зголеми продажбата.

Merakzy  ја забрзува работата, овозможува подобра организација и комуникација помеѓу агенти и субагенти, генерира  автоматизирани статистики и документи, букирања само со неколку кликови, побрзо услужување на клиенти и онлајн продажба. Решението е присутнио на пазарот повеќе од две години и се користи од страна на пет тур-оператори кои аранжманите од својот закуп  ги продаваат преку софтверот.

Повеќе информации може да погледнете на следниот линк или погледнете ги информативните видеа достапни на седниот линк.

Платформата Триповерс е супер алатка за хотелиери и ентитети од секторот туризам да ги зголемат своите резервации преку прикажување на услугата/сервисот што го нудат искуствено со чувство на присуство во самиот момент со користење на виртуелна технологија и 360 видеа.

Преку 360 видеата се зголемува вниманието и љубопитноста на таргетираните посетители. Гледајќи од секој агол и преку очила за виртуелна реалност, туристичката услуга која се нуди може искуствено да се пренесе на потенцијалните гости и посетители.

Триповерс нуди нов искуствен свет посветен на трагачите на возбуда, патување и чувство за нови доживувања. Триповерс има мисија да помогне на туристичкиот еко системот да биде по достапен и примамлив за своите посетители и да прикаже се што ги очекува, на само еден клик до цел свет.

Повеќе информации може да погледнете на следниот линк.

Специјализирана автоматизирана платформа за креирање на ваша е‑продавница во само неколку чекори. Без кодирање, без чекање.

Вендор преку нивниот производ Smart Design ви нуди алгоритам за креирање уникатен e-commerce дизајн, односно:

  • готови дизајн решенија и модели на е-продавница за преку 127 категории на бизнис
  • дизајн конфигуратор за напредно стилизирање и дизајнирање на е-продавница
  • повеќе од 100 компоненти кои функционираат во различни стилови

Исто така, Вендор нуди и ERP решение како интегриран систем за материјално и финансиско работење поврзан со фискални сметки и извештаи во реално време.

Повеќе информации може да погледнете на следниот линк.

EZtoTrack е систем за следење и менаџирање на возила и средства кој овозможува брза и едноставна координација и дигитално менаџирање на ресурсите на компаниите (возила, велосипеди, АТВ, контејнери, опрема, алати и тн.).

Овој систем покрај тоа што воведува безбедност од аспект на заштита на средствата на компаниите, исто така, ја зголемува и безбедноста во сообраќајот преку употребата на различни дополнителни сензори (Mobileye систем за превенција од сообраќајни незгоди, сензори за притисок на гуми, сензори за седишта за капацитет на возила при транспорт и сл.). Дополнително со системот за евиденција на трошоци и сервисни интервенции се автоматизира логистиката на возилата и средствата.

Повеќе информации може да погледнете на следниот линк.

WIDNET HR Portal е иновативен софтвер за менаџирање на човечките ресурси и е целосно применлив во секторот туризам (хотели, ресторани, скијачки центри, летувалишта и сл).
Клучен бенефит на овој производ е значително кратење на време потребно за управување со човечки ресурис и администрација преку целосно автоматизирање на процесите.

Производот осигурува автоматизација во делот на на вработување, отсуства од работа, организирање на работата во смени, работа на различни локации истовремено, автоматско пресметување на плати со бонуси и одбитоци, мерење на надградбата и вештините на вработените.

Порталот нуди дополнителна вредност за вас и вашите вработени преку собирање релевантни податоци, постојано мерење на задоволството на вработените, како и мерење на нивната успешност со што се дава основа за нивно објективно унапредување и прераспоредување.

Повеќе информации може да погледнете на следниот линк.

Со Fakturiraj.mk вие добивате реален и навремен увид вашите приходи, трошоци, даноци и добивка во секое време.

Fakturiraj.mk ви нуди:

  • лесен и едноставен начин да ги следите вашите трошоци и финансии.
  • креирање и праќање на факури и профактури до вашите клиенти брзо и едноставно.
  • автоматизација во управување со набавки, ресурси, магацини и слично.
  • дигитализација на документи и полесна комуникација со јавни институции.

Повеќе информации може да погледнете на следниот линк.

Контакт

За повеќе информации, Ве молиме слободно контактирајте со:

emailp

Зоран Тодоровски- Експерт за Туризам во Програмата ИМЕ
е-маил:  zoran.todorovski@thepalladiumgroup.com 

emailp

Дане ЈосифовскиЕксперт за ИКТ во Програмата ИМЕ
е-маил:  dane.josifovski@thepalladiumgroup.com 

ime-logo-small
sdc-red-1
facebook
instagram

The project Increasing Market Employability (IME) is funded by the Swiss Agency for Development and Cooperation (SDC) and implemented by the Palladium Group.