Новости

Дигитален каталог за активен туризам: Домашни дестинации за поинакво искуство

ДИГИТАЛЕН КАТАЛОГ ЗА АКТИВЕН ТУРИЗАМ

Дали отсекогаш сте трагале по необично авантуристичко искуство? Запознаени ли сте со туристичката понуда за активен туризам кај нас?

Дигиталниот каталог за активен туризам претставува сумиран и корисен преглед на дестинациите и развиените производи за активен туризам низ С. Македонија, откривајќи го огромниот потенцијал кој земјата го поседува за планинарење, планински велосипедизам, параглајдинг, кањонинг, зимски спортови, искачување на карпи, како и агро-туризам.

Во Каталогот се опфатени следните дестинации: Берово, Демир Капија, Крушево, Маврово, Охрид, Пелистер и Мариово, Шар Планина и Тиквешкиот регион.

Важно да се спомене е дека претставените даватели на услуги се постоечки партнери на Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Станува збор за неисцрпна листа на даватели на услуги за активен туризам. Доколку и вие работите во секторот активен туризам и сакате да бидете вклучени во Каталогот, испратете барање на следниот мејл contactime@thepalladiumgroup.com. Поднесените барања ќе бидат предмет на дополнително разгледување и подлежат на претходно одобрување. Нови изданија на Каталогот ќе бидат објавувани на секои три месеци, во зависност од доставените барања.

Дигиталниот каталог за активен туризам е достапен на следниот линк ОВДЕ.

Уживајте во понудата и откријте ги можностите за активен туризам!

ime-logo-small
sdc-red-1
palladium-1
facebook
instagram