Што е ново во ИМЕ
Водич за производство на грав во суви подрачја подготвен со институтот FiBL
ИМЕ и Истражувачкиот институт за органско земјоделство FiBL подготвија краток водич за органско производство на шарен („борлоти“) и црвен грав во согласност со швајцарски стандарди и барањата на веќе договорен купец од Швајцарија. Ова ќе им помогне на 11 производитители кои посадија грав од овие сорти на почетокот на 2020 год. Процесот на производство со овие земјоделци го координира ЛИПА, орански производител од Свети Николе. ЛИПА ќе го откупи произведениот грав од земјоделците и ќе го продаде на Coop, еден од најголемите ланци на супермаркети во Европа.
Процесот на производство на органскиот шарен („борлоти“) и црвен грав е различен од сортите грав кои вообичаено се произведуваат во суви и ладни медитерански климатски услови, какви што имаме во Северна Македонија. Целта на прирачникот е да им понуди насоки на производителите на грав за сите фази од процесот на производство – од подготовка на почвата, време и температура за сеидба, прихрана, наводнување и справување со болести кај насадот. Краткиот прирачник може да го симнете ТУКА.
Со цел да се запази строгиот Bio Suisse стандард, ИМЕ ќе понуди поддршка на ЛИПА за подобрување на пост-бербените активности за чистење и сортирање на гравот, како и избор на соодветно пакување.
Сите 11 производители на грав ќе се поврзат со нов европски пазар што ќе придонесе за зголемување на нивните приходи и профит, како и отворање нови работни места во вредносниот синџир. Како што ќе расте побарувачката за македонски органски грав на швајцарскиот пазар, така се очекува да расте и бројот на локални производители на грав.