Што е ново во ИМЕ

Најава за настан – Презентација на Извештај за ИКТ индустријата во Северна Македонија
На 21 септември 2020 год. (понеделник), во периодот 10:00 – 12:00 часот, ќе се одржи онлајн презентација на првиот локален извештај за ИКТ индустријата во Северна Македонија.
Извештајот за ИКТ индустријата беше изработен за потребите на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ. Извештај е изработен од страна на домашната компанија за истражување и консалтинг ИнсајдерИД и бонитетната агенција Таргет Груп.
На настанот најавени се обраќања на -дин Фатмир Битиќи, Заменик Претседател на Владата на Северна Македонија одговорен за економски прашања, H.E. г-ѓа Сибил Зутер, амбасадорка на Швајцарија во Република Северна Македонија и г-ѓа Анета Антова Пешева, Претседателка на Управен одбор на МАСИТ.
Ве молиме вашето учество регистрирајте го на следниот линк https://forms.gle/Y1L5kgZp3Ydt9Ake8 најдоцна до 18.09.2020. Линкот за вклучување на настанот дополнително ќе биде доставен до сите регистрирани учесници.
ime-logo-small
sdc-red-1
palladium-1
facebook
instagram
twitter-40x40