Програма за плаќање по учинок (P4P)

ИМЕ ја дизајнираше Програмата за плаќање по учинок (Pay-for-Performance) која им овозможува на компаниите од трите целни сектори (одржлив агробизнис, активен туризам и ИКТ) да пристапат до услуги обезбедени од давателите на услуги за развој на бизнисот (BDSP- Business Development Service Providers): индивидуални консултанти или консултански компании и сертификациони тела. Овие услуги вклучуваат поддршка за пристап до финансии за аплицирање за различни заеми и грантови или техничка помош за обезбедуање на стандарди за сертификација кои се бараат на пазарот за нивните производи или услуги. Инструментот им помага на бизнисите во поврзување со консултанти со цел заедничка подготовка на апликции за пристап до финансии или сертификација. Техничката поддршка обезбедена од страна на искусни консултанти може идеално да го поддржи, олесни и забрза процесот на аплицирање.

Подетални информации за видовите на бизниси кои може да го користат овој инструмент: 

Одржливи агробизниси: Компании кои одгледуваат, собираат, пакуваат свежо овошје или зеленчук за домашен и меѓународен пазар. Ова ги вклучува и одгледувачите кои директно извезуваат овошје и зеленчук. Компании кои го препработуваат овошјето и зеленчукот и производителите на вино за двата и домашен и меѓународен пазар. Компаниите кои го организираат собирањето, пакувањето и продажбата на свежо овошје и зеленчук. Компаниите кои го организираат собирањето, пакувањето и продажбата на органско овошје и зеленчук.

Активен туризам: Тур операторите кои обезбедуваат велосипедски тури, планинарење, параглајдинг, качување по карпи, зимски спортови, лесни авантуристички активности; Генерално туристички компании кои обезбедуваат туристички пакети кои вклучуваат елементи од активен туризам. Останати чинители во туристичкиот сектор (мали бизниси, угостители) кои обезбедуваат услуги во секторот активен туризам.

ИКТ: Програмерскии компании кои развиваат софтвер за други клиенти (outsourcing companies); Компании кои развиваат софтвер и програмираат свои оригинални производи; Профитни организации кои обезбедуваат поддршка за обука на вработените во ИКТ.

Програмата за плаќање е систем за плаќање на корисниците. Бизнисите се обврзани делумно да ги платат услугите на консултантот откако апликацијата за финансирање ќе биде одобрена, а ИМЕ ги покрива трошоците согласно дефинирани лимити. За да се користи овој инструмент, бизнисите мора да ги користат услугите од консултантите/консултантските компании или сертификационите тела со кои ИМЕ соработу. Целосна листа може да ја преземете подолу.

Со цел да се олесни и помогне изборот на најсоодветен консултат/консултантска комапнија или сертификационо тело, ИМЕ подготви он-лајн каталог. Погледнетего делот подолу и едноставно кликнете на името на консултантот со цел да се отвори неговиот профил и да дознаете кои услуги ги нуди. Ги охрабруваме бизнисите да стапат во директен контакт со консултантите и да ги продискутираат можностите за соработка.

Пристап до финансии

Компаниите на кои им треба техничка помош во подготовка на документи за аплицирање  за пристап до финансии од финансиски и нефинансиски институции како што се заеми од комерцијални банки или грантови од донатори или билатерални и меѓународни развојни организации, може да констактираат со некој од консултантите подолу:

* Ве молиме имајте предвид дека апликациите за ИМЕ ко-финансираните интрументи не се подобрни за поддршка преку Програмата за плаќање по учинок. 

Консултанти за имплеменација на стандарди и подготовка за сертификација 

Компаниите на им треба техничка помош за исполнување на стандарди за сертификација кои се барани на пазарот за нивните производи и услуги, може да констактираат со некој од консултантите прикажани подолу:

Сертификациони тела 

Компаниите кои се заинтересирани за директна примена на сертификат баран на пазарот за нивните производи и услуги, може да контактираат со некое од сертификационите тела прикажани подолу. ИМЕ ќе покрие дел од трошоците поврзани со сертификацијата. 

ime-logo-small
sdc-red-1
palladium-1
facebook
instagram