Можности за соработка
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА СОФТВЕР/ ВЕБ АПЛИКАЦИЈА „ЗНАК ЗА БЕЗБЕДЕН ТУРИЗАМ“. КРАЕН РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: 20 АПРИЛ 2021
Во насока кон воспоставување на повисоко ниво на безбедност во туризмот, зголемена промоција и унапредување на развојот на секторот туризам и угостителство, Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ на Швајцарската агенција за развој и соработка ја поддржува иницијативата на Министерството за економија на Република Северна Македонија и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот– АППТ за воведување на протоколи за безбедност и издавање на „Знак за безбеден туризам“ (Safe Travels Stamp) на Светскиот совет за туризам и патување – ССТП (WTTC- World Travel & Tourism Council). Ова ќе придонесе за поддршка на домашните чинители во туризмот (туроператори, сместувачки капацитети, ресторани, превозници итн.) и поддршка на домашната економија, како одговор на кризата предизвикана од Ковид-19.
Со цел олеснување на процесот за воведување на протоколи за безбедност и издавање на „Знак за безбеден туризам“, ИМЕ ќе поддржи изработка на веб базирано решение, односно платформа за целосна дигитализација на процесот на аплицирање и издавање на „Знак за безбеден туризам“, вклучувајќи и електронски регистар на компании со стекнат „Знак за безбеден туризам“.
Заинтересираните апликанти кои ги исполнуваат условите потребно е да ја достават својата понуда во електронска верзија на Македонски јазик, на ContactIME@thepalladiumgroup.com, најдоцна до 20.04.2021 година (вторник), 15:00 часот, локално време (Скопје, Северна Македонија). Повеќе детали за техничката спецификација, барањата и условите се содржани во Јавниот повик на следниот ЛИНК.
Одговорите од поставени прашања од заинтересирани апликанти може да ги погледнете ТУКА.





