Што е ново во ИМЕ
Македонски туроператори учествуваа на онлајн изданието на New Deal Europe 2020

Според учесниците, ова пред сè е одлична можност за промоција на Македонија како туристичка дестинација. „На главниот банер на онлајн настанот беше прикажана фотографија од Канео, Охрид. Многу од потенцијалните купувачи, туроператори од цел свет, кои никогаш не биле во наша земја, сега дознаа повеќе најпрво за дестинацијата, а потоа и поконкретно за нашите понуди како туроператори.“ сподели Александар Кузмановски од Симониум Травел. „Ова беше одличен и многу продуктивен ден за нас. Остваривме дури 22 B2B состаноци со врвни светски туроператори од рангот на Tui, Nordic и Jet2Holidays. Од инфо сесиите каде беа претставени истражувања за перцепции на посетителите на Балканот, дознавме дека Македонија одлично котира, така што ваква меѓународна промоција мора да продолжи за да имаме што подобри резултати и повеќе странски туристи.“ – додаде Александар, Симониум Травел.
