Што е ново во ИМЕ

Промотивно видео за Скопје во рамки на кампањата „Дома си е дома“

Скопје покрива 7% од целата територија на државава, котлина која е опкружена со планинските масиви на Скопска Црна Гора, Градиштанска планина, Мокра и делови од Караџица, Сува Гора и Жеден. Пресечен на пола од реката Вардар, Скопје е главниот град кој нуди бегство во топлите летни денови на бројни локации од кои најпознати се планината Водно, Кањонот Матка, како и бројни природни, религиозни и културни локалитети кои чекаат да ги откриете.

Дали со планинарење, велосипед или кајак во околината на градот, ова е само еден мал дел од домот кој нуди цел пакет на летни авантури. Можеби сите го знаеме главниот плоштад или Старата скопска чаршија, но Скопје со својата околина има уште многу неоткриени делови. Погледнете го видеото за инспирација и истражете го Скопје од поинаква перспектива.

Серијалот од 10 видеа за промоција на домашниот туризам се изготвени во рамки на кампањата „Дома си е дома“. Истите се изработени со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

ime-logo-small
sdc-red-1
palladium-1
facebook
instagram
twitter-40x40