Билјана Пеева Ѓуриќ

Биографија

Целиот свој професионален ангажман,  од 2001 година до денес, го има стекнато во Стопанската комора на Северна Македонија. Првите десет години (до 2011 година) се во Дирекцијата за меѓународна соработка каде работните ангажмани се врзани за организација на деловни мисии и средби на компании од различни земји и работа на проекти во повеќе области, како теми за олеснување на трговијата, развој на нови услуги и алатки за компаниите но и за комората.

Од 2011 до 2018 година е вклучена во работата на Дирекцијата на здруженија и регионални комори при Комората, со што во последните 4 години од овој период на позиција директор на Дирекцијата, што опфаќа координација на работата на сите здруженија, регионални комори и асоцијации.

Од јуни 2021 година е на позиција оперативен директор за застапување на интересите на членките и вмрежување.

ime-logo-small
sdc-red-1
palladium-1
facebook
instagram
twitter-40x40