Добредојдовте
Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) има за цел зајакнување на деловниот сектор во Република Северна Македонија. Нашата мисија е да создадеме поволна околина во три сектори кои се идентификувани како сектори со потенцијал за развој: одржлив агробизнис, активен туризам и информатичка и комуникациска технологија (ИКТ).
Нашата цел е да ги прошириме пазарите и да ја зајакнеме конкурентноста кај домашните чинители во овие три сектори, да катализираме целокупно подобрување на квалитетот на производите и услугите и да создадеме одржливи работни места за високо квалификуваниот кадар во Северна Македонија, особено за жени и млади.
Целокупното времетраење на Проектот за зголемување на пазарната вработливост во Република Северна Македонија е 11 години, со вкупен буџет од 15,5 милиони швајцарски франци обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка. Тековната фаза на ИМЕ, со буџет од 6,2 милиони швајцарски франци ја спроведува Паладиум. Активностите на проектот се усогласени со целите на Швајцарската стратегија за соработка за Македонија за 2017-2020 година.