Биљана Талевска

Биографија

Биљана Талевска e Lead Recruitment & Talent Development Specialist како дел од тимот за Човекови ресурси во Аксапта Мастерс. Инволвирана е во процесот на креирање на кариерните политики во компанијата и постојана примена на најновите практики за регрутација, Employer branding – стратегии, како и тековна грижа за професионалниот и личен раст и развој на вработените.

По професија е дипломиран психолог и специјалист за човекови ресурси, со искуство во ИТ- регрутација и селекција на кадар, покрај претходното искуство во медиуми и односи со јавност.

Аксапта Мастерс e Microsoft Gold Partner и една од водечките ИТ компании во регионот специјализирани за работа со ERP решенијата на Microsoft за компании-клиенти од сите видови индустрии, лоцирани на глобално ниво. Континуирано работи на подобрување на клиентските работни процеси преку практична примена на докажани решенија со цел зголемување на продуктивноста и поттикнување на компанискиот раст и ефикасност.

Во изминатите години бележи значајно зголемување на бројот на вработени, кој тренд успешно го продолжува во нагорна линија.

ime-logo-small
sdc-red-1
palladium-1
facebook
instagram
twitter-40x40