Ерхан Су
Биографија
Ерхан Су е еден од основачите на Су Холдинг во Охрид, компанија под чија закрила се креирани многу успешни бизниси како што се Liquid Old Town, Su Hotel, Liquid Boutique Bar & Kitchen, Su Rooftop Restaurant, Bar Fly и најновиот Roastery Artisan Coffee House.
Низ неговото богато дваесет годишно искуство, тој успеал да создаде многу нови креативни концепти, постојано збогатувајќи ја понудата во туристичкиот сектор во Охрид. Со неговото импресивно искуство и собрано знаење, тој има помогнато во создавањето на многу нови генерации на млади луѓе кои постојано се трудат да ја подобрат туристичката понуда и да генерираат нови идеи.
Неговата пасија за создавање на нови креативни концепти вроди со многу идеи кои беа за прв пат видени во нашата држава, како првиот домашен бренд за свежо печено кафе Roastery, како и многу кои сè уште се во процес на создавање, како што е ботаничката градина за подготовка на храна од свежи органски производи, киното на отворено на терасата на Су Хотел, како и спортскиот центар кој ќе придонесе за активен одмор на туристите.