Што е ново во ИМЕ

Поддршка за олеснување на условите за директна продажба за малите производители на храна

Повеќе од половина земјоделски стопанства во Северна Македонија се од мал обем. Најголем дел се семејни земјоделски стопанства коипрвенствено произведуваат за сопствени потреби и се потпираат на домашна работна сила. Голем дел од нив одгледуваат и/ или преработуваат производи од растително потекло –  свежо овошје и зеленчук, џемови и мармалад, домашни тестенини, па дури и пиво. Притоа, многу често применуваат традиционални рецепти. И покрај разликата во големината и капацитетите меѓу малите и големите земјоделски стопанства, не постои посебна регулатива со која ќе се дефинира работата на малите стопанства. На тој начин, тие се оневозможени да ги пласираат своите производи директно на локален пазар и да остварат дополнителен приход. Со овие ограничување загрозени е и опстанокот на локалната автентична храна и традиционални рецепти.

Со поддршка на ИМЕ, Слоу Фуд Македонија, членка на глобалното движење за заштита на автентични прехранбени производи, учествува во процесот на олеснување на законската регулатива и за подобра промоција на малите бизниси со храна во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство.

Слоу Фуд Македонија подготви  Анализа на законската рамка за преработени производи од растително потекло во поддршка на малите бизниси со храна, која вклучува и преглед на предизвиците и позитивните практики од регионот и ЕУ. Врз основа на нивните наоди, Слоу Фуд активно учествува во работната група која го развива правилникот за флексибилност, во кој ќе бидат зацртани минималните стандарди во однос на производствените капацитети, хигиена, опрема и материјали што треба да ги исполнат малите преработувачи на производи од растително потекло. Во консултации со надлежните институции и останати чинители од секторот, Агенцијата за храна и ветеринарство, правилникот за флексибилност треба да го усвои како национален подзаконски акт.

Слоу Фуд Македонија подготвува и регистар на мали бизниси со храна со цел да ги идентификува, а потоа и даги информира за релевантните регулативи, можности за финансирање и промоција, како и директна врска со потрошувачите.

Флексибилната законска рамка, прилагодена на капацитетите и потребите на малите производители, ќе им овозможи на малите производители и преработувачи на производи од растително потекло да вршат директна продажба на локалните потрошувачи, но и на туристите. Малите производители ќе можат да го искористат својот целосен (економски) потенцијал, да ја зголемат продажбата, да отворат повеќе работни места и да придонесат за одржливост на малите и семејните агробизниси.

ime-logo-small
sdc-red-1
palladium-1
facebook
instagram
twitter-40x40