Лилјана Маркова
Биографија
Лилјана Маркова е менаџер на секторот за човечки ресурси и поседува 15 години работно искуство во Макпрогрес Доо Виница. Бележи огромни резултати во споведување на програми за вовед на вработени, континуирани професионални обуки, следење на перформанси, анализа на задоволство од работно место, зголемување на мотивацијата, идентификација и развој на нови практики.
Макпрогрес е една од поголемите прехранбени компании на Балканот за производство на кондиторски производи како и преработка, обработка и доработка на земјоделски зрнести култури, со извоз во 55 земји во светот. Со над 700 вработени, бележи интересни приказни за важноста на растот на компанија преку развој на човековиот капитал.