Владимир Ристевски
Биографија
Владимир Ристевски, партнер и креативен директор во Пиксел, Скопје. Со над 10-годишно искуство во дигиталниот маркетинг работејќи како креативен директор на кампањи за некои од најголемите локални и меѓународни брендови кои работат во Македонија, како што се Филип Морис, Сава Осигурување, Сава Пензиско друштво, Бимилк, Синеплекс, Тиквеш, СОС Детско село, Универзитет Љубљана – Факултет за економија и бизнис, Диџитал Фајнанс, Самсонајт, Рош, Инплеер и плејада на други проекти во странство.
Владимир е и долгогодишен предавач на Академијата за дигитален маркетер при Инситутот Концепт, како и предавач за ЛинкдИН на Академијата за човечки ресурси, а активно учествува како гостин предавач во Стопанската комора на Македонија, CEED HUB, СОС Детско Село (локално и меѓународно). Исто така неговото портфолио го краси експертиза во консултантски услуги, аналитика, маркетинг и стратегија за продажба, градење бренд и бизнис анализа што го прават експерт кој може да скокне и да помогне во која било фаза на маркетинг процесот.