Информациска и комуникациска технологија (ИКТ)
ИКТ секторот е најбрзорастечки сектор во Северна Македонија.
Нашиот приоритет е да го катализираме развојот во ИКТ секторот со што истиот ќе придонесе за повеќе иновации и продукти со додадена вредност. Наша цел е да обезбедиме поддршка за развој на капацитетите на човечките ресурси. Нашите главни цели се:
- Продуцирање на знаење за бизнисот и пазарот со цел развој на нови производи;
- Поддршка на стратешки стимулации за зајакнување на долгорочно вработување на младите;
- Намалување на одливот на работна сила;
- Поврзување на странски клиенти и домашни компании преку трговски мисии;
- Промовирање одржлива размена на знаења за проширување на техничките вештини.
За повеќе информации ве молиме контактирајте го Дане Јосифовски – ИКТ Експерт, на dane.josifovski@thepalladiumgroup.com