Пристап на пазарни системи

Како ќе работиме за да ги постигнеме нашите цели? Нашиот пристап се заснова на пристапот за развој на пазарните системи. Она што е важно за овој пристап е дека тој е тргнува од потребите на пазарот, фокусирајќи се на постојните предизвици и побарувачка, притоа обидувајќи се да им помогне на актерите на пазарот во надминување на предизвиците и создавање повеќе можности за работа. Исто така, насочени сме кон обезбедување на стимулирање на пазарните актери, со цел да го поддржат одржливиот долгорочен раст во секторите на активен туризам, одржлив агрибизнис и информатичка и комуникациска технологија (ИКТ). Сето ове ќе го постигнеме преку следните три инструменти:

Фонд за можности

Нашиот инструмент таканаречен Фонд за можности нуди кофинансирање на иновативни предлози од „водечки“ компании, добавувачи, претприемачи и други актери на пазарот, со цел да се отстрани или намали ризикот при развој на нови производи или услуги и да се зајакне капацитетот на другите актери во синџирот на снабдување.

Преку Фондот за можности ќе има отворени повици во одредени циклуси, а заинтересираните страни ќе можат да аплицираат во текот на целата година. Очекуваната висина на распределените средства ќе се движи од 5.000 до 20.000 швајцарски франци. Од апликантите се очекува да коинвестираат дел од средствата и да покажат дека нивниот предлог ќе даде мерливи резултати и значително ќе придонесе кон остварување на целите предвидени со програмата ИМЕ. Подобни апликанти се компании или невладини организации регистрирани во Република Северна Македонија или претприемачи-поединци со право на делување во Република Северна Македонија. Заинтересираните можат да аплицираат или како индивидуални ентитети или како групи од повеќе фирми.

Повеќе информации за отворените повици и процесот на аплицирање.

Организации за деловна поддршка (BSO)

Програмата ќе работи со организации за деловна поддршка (BSO) како што се бизнис асоцијации, комори или пак здружени компании кои дејствуваат во насока на развој на секторот. Целта е да се овозможи решавање на ограничувањата кои постојат на секторско ниво во областите на одржлив агробизнис, активен туризам и информатичка и комуникациска технологија (ИКТ). Програмата ќе поддржи организации за деловна поддршка (BSO) да понудат услуги за компаниите од целните сектори, кои на приватниот сектор ќе му овозможат пристап до нови пазари, развој на нови производи, подобрување на капацитетите на работната сила. Овие услуги може да се движат од технички совети, обука за дизајнирање и промоција на нови производи, до организирање саеми за вработување или залагање за реформи во легислативата. Преку овој инструмент, поддршката на ИМЕ ќе биде насочена и кон самите организации за деловна поддршка (BSO), односно ќе им помогне во развивање на нивните капацитети за диверзификација на услугите кои ги нудат.

Преку инструментот ќе се објавуваат отворени повици во одредени циклуси, а заинтересираните ќе можат да аплицираат во текот на целата година. Очекуваната висина на распределените средства ќе се движи од 2.000 до 10.000 швајцарски франци. Од апликантите се очекува да коинвестираат дел од средствата и да покажат какво влијание може да има интервенцијата во насока на зголемување на продажбата на апликантот и продажбата во целокупниот сектор. Во случај кога апликант ќе биде индивидуална компанија, компанијата мора да покаже како интервенцијата ќе ги поддржи и другите компании во таргетираниот сектор.

Повеќе информации за отворените повици и процесот на аплицирање.

Програма за плаќање по учинок (P4P)

ИМЕ се стреми да ја зајакне деловната клима кај давателите на услуги за поддршка на деловните активности во секторите на одржлив агробизнис, авантуристички/активен туризам и информатичка и комуникациска технологија (ИКТ), со цел да се надминат пречките на пазарот. Бизнисите во овие сектори се соочуваат со слични предизвици кога станува збор за пристап до финансии и сертификација на квалитетот на производите, и решавањето на овие предизвици може да биде скапо и неефикасно за малите и средни претпријатија. За решавање на овој предизвик, ИМЕ го подготви инструментот „Плаќање по учинок“ (P4P), кој им овозможува на компаниите од трите целни сектори да пристапат до услугите понудени од давателите на услуги за развој на бизнисот (BDSP). Овие услуги вклучуваат поддршка за пристап до финансиски средства и фондови, аплицирање за различни заеми и можности за аплицирање на грантови. Давателите на деловни услуги, исто така, можат да обезбедат техничка помош за да ги добијат потребните пазарни стандарди за сертификација на нивните производи или услуги.

Во инструментот P4P, од компаниите се бара делумно да ги платат услугите, а остатокот на трошоците ги покрива ИМЕ.  ИМЕ веќе објави повик за избор на индивидуални консултанти и консултантски компании, од кои направи избор на оние кои ги задоволуваат дадените критериуми да делуваат како даватели на услуги за развој на бизнисот (BDSP). Компаниите на кои им е потребна поддршка за пристап до финансии, да аплицираат за грант или да воведат одреден стандард или сертификат, можат да ги ангажираат консултантите од Листата на консултанти на ИМЕ дадена во прилог подолу.

Список на консултанти за BDSP избрани од IME 2

ime-logo-small
sdc-red-1
palladium-1
facebook
instagram