Новости и успешни приказни

Поддршката на Развојна банка за дигитализација овозможува раст и развој на компаниите и економијата
Претседателот на владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска со амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман Марти и со директорот на Развојна Банка, Кире Наумов ја промовираа новата кредитна линија за дигитализација и дигитална трансформација за компаниите. Премиерот во своето обраќање истакна дека целта на владата е земјата да оди напред, да има силен економски раст и развој, затоа и заложбата за креирање можности за пристап до средства за инвестирање во имплементација на дигитални стратегии и планови односно дигитална трансформација.

Маврово на снежници – нов, алтернативен и еколошки начин на планинарење во зимски услови
Деновиве во Маврово, пред група туристи, травел блогери, тур оператори и локални угостители беше промовирана новата туристичка понуда на Маврово365 наречена “Маврово на снежници“.Оваа алтернативна туристичка понуда им овозможува на посетителите на Националниот парк Маврово да ја искусат убавината на природата во текот на зимската сезона на иновативен начин, со помош на додатоци за чевли – снежници.

„Фруит Логистика“ – престижен саем, центар на водечките компании за производство и пласман на овошје и зеленчук
Саемите се настани кои се наметнуваат како неопходност доколку некоја компанија има планови за развој и стратегија за пласман на производите на странските пазари. Или, не можете да бидете надвор од овој свет, ако планирате да бидете дел од европскиот и светскиот пазар.

Македонските ИКТ компании со современи дигитални решенија применливи за земјоделскиот сектор
Дигитализацијата е процес неопходен за осовременување и зголемена продуктивност и конкурентност на агробизнисите. Непоходна е интензивна соработка помеѓу информатичарите и земјоделските инженери, со цел создавање на дигитални решенија кои се применливи во агробизнисот. Во оваа насока, во рамки на панел-дискусијата беше организиран и изложбен дел на неколку дигитални алатки и услуги применливи за агробизнисите. Имавме прилика да поразговараме со претставници на Fixigo и Geo Innovus кои со нас ги споделија своите искуствени видувања за она што тие го работат во дигиталното земјоделство.

Со правилни консултантски услуги до поголем раст на компаниите и креирање нови работни места
Во периодот 2020-2021 година, со помош на консултантските услуги обезбедени преку ИМЕ програмата за плаќање по учинок, 40-тина македонски компании обезбедија банкарски кредити во износ од околу 5 милиони CHF.

Македонските одгледувачи на лешници со нови можности за извоз на швајцарскиот пазар
Повеќе од четириесет одгледувачи на лешници беа дел од две интерактивни обуки и теренски посети во Струга и Тетово, со цел стекнување вештини и знаења за производство на лешници според Bio Suisse стандардот. Знаењето да производуваат според овој стандард, ги носи фармерите чекор поблиску да станат идни добавувачи за швајцарскиот синџир на супермаркети Coop.

Комерцијализација на Центар за преработка на храна (FOOD HUB) во Пехчево и можност за дополнителна поддршка од Програмата ИМЕ
Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, финансиски поддржана од We Effect, во соработка со Програмата ИМЕ, отвори јавен повик за идентификување на оператор заинтересиран за комерцијализација на Центар за преработка на храна (Food Hub) – Пехчево преку партнерство со ЛАГ Малеш-Пијанец.

Дигитален каталог за активен туризам: Домашни дестинации за поинакво искуство
Дигиталниот каталог за активен туризам претставува сумиран и корисен преглед на дестинациите и развиените производи за активен туризам низ С. Македонија, откривајќи го огромниот потенцијал кој земјата го поседува за планинарење, планински велосипедизам, параглајдинг, кањонинг, зимски спортови, искачување на карпи, како и агро-туризам.

Збогатување на туристичката понуда во Охрид како атрактивна дестинација за активен туризам
Охридскиот регион се соочува со недоволно развиени производи од сферата на активниот/ авантуристички туризам. Иако регионот на Охридското Езеро е водечка туристичка дестинација во земјата за сезонски рекреативен и културен туризам, производи за активен туризам недостасуваат или се недоволно развиени за да бидат конкурентно интегрирани во севкупната понуда. Потребно е зголемување на атрактивноста, со цел привлекување поголем број на вонсезонски туристи.

Девет иновативни Стартап херои ги пласираа производите во „Тинекс“
Културата на иновации во земјата и подобрувањето на стартап екосистемот се гради преку соработката меѓу јавниот, корпоративниот сектор и стартап заедницата. Ваквото поврзување придонесува и за зголемување на степенот на одржливост кај стартапите. Предизвикот „Стартап Херои“, реализиран од Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со корпоративниот партнер Тинекс маркетите и поддршка од Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, одговори на потребите на домашните производители да стигнат до што поголем број на купувачи и да го зголемат своето учество на пазарот.

Модерен пристап на одржлив економски развој преку креирање на Стратегија за паметна специјализација
Експертизата на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) во секторите – одржлив агробизнис, активен туризам и информатичко комуникациски технологии помага во модерирање на тематските работилници со сите релевантни чинители во секторите. Со директна вклученост и инпут од приватниот сектор, на работилниците контунирано се дефинираат приоритетите за истражување и иновативност во областите за делување, со цел искористување на целосниот потенцијал за раст на секторите.

Интервју со Домника Стојческа: Доброто управување со човечките ресурси е клучен фактор за успех во бизнисот
Ова е интервју со Домника Стојческа од Хотел Панорама Спа Крушево. Покрај тоа што компанијата вложува во развојот на активниот туризам во овој регион, таа е и една од компаниите учеснички во специјализираната програма за менторство и коучинг за вовед на нови вработени и развој на компетенции за постигнување на деловните цели „LEARN2GHROW“ или „РАСТ на бизнисот преку РАЗВОЈ на вработените” која се реализираше во периодот октомври 2021- јануари 2022 година.

Безбеден зимски активен туризам: Обука на нова генерација ски-патролери – 23 декември 2021 година
Центарот за образование и научно истражување Планинска Академија во соработка со Ски-центарот Попова Шапка и Здружението за планинско спасување „Асклепиј“, на почетокот на јануари 2022 година ќе започнат со обука на нова генерација ски-патролери.

Можности за кариерен развој на младите во секторот земјоделие – „Денови на кариера“ на Факултетот за земјоделски науки и храна – 16 декември 2021 година
Со присуство на тековни и дипломирани студенти на прв и втор циклус студии на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, претставници на институциите и бизнис секторот, како и наставниот кадар при ФЗНХ, се одржа главниот настан „Запознај го својот вработен/ работодавец!“, во склоп на четиридневното случување „Денови на кариера“ поддржано од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Швајцарската програма ИМЕ е дел од експертскиот тим за создавање на Стратегијата за паметна специјализација – 29 ноември 2021 година
Експертизата на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) во секторите – одржлив агробизнис, активен туризам и информатичко комуникациски технологии ќе помогне во модерирање на тематските работилници со сите релевантни чинители во секторите. Со директна вклученост и инпут од приватниот сектор, на работилниците ќе се дефинираат приоритетите за истражување и иновативност во областите за делување, со цел искористување на целосниот потенцијал за раст на секторите.

Нештата се движат во Северна Македонија

Интервју со Христина Лозаноска, Бизнис коуч и менаџмент консултант, сопственик на ВИТА ИНСТИТУТ: „ВИТА Институт: од мал женски бизнис до прва акредитирана програма за Employer Branding во Македонија“ – 10 мај 2021 година

Сертификацијата како алатка за нови пазари и клиенти на ИКТ компаниите – 16 ноември 2020 година

Авантуристичката приказна на градот-востаник – блог на Рубин Николоски – 8 октомври 2020 година

Започнав да развивам туризам со едно празно пластично шише – блог на Ѓорѓе Камов – 7 октомври 2020 година

Главниот уредник на Гримпер, француско списание за спортско качување, во посета на Македонија – 6 октомври 2020 година

Македонски туроператори учествуваа на онлајн изданието на New Deal Europe 2020 – 6 октомври 2020 година

По втор пат одржан „Светски ден на Вранецот“ со швајцарска поддршка – 5 октомври 2020 година
Во организација на Здружението „Вина од Македонија“, на 5 октомври 2020 во Скопје, по втор пат се одбележа Светскиот ден на Вранецот, во соработка со производителите на оваа сорта од Македонија и од регионот но и голем број соработници и дистрибутери во светот. Преку организација на онлајн настан, со учесници на македонската и регионалната индустрија за вино и интернационални експерти за вино од В.Британија, Германија, Холандија, Словенија и Македонија, овој настан има за цел да ги поддржи напорите на локалните винарници во производството и промоцијата на вината од сортата Вранец, како и да придонесе за зголемување на препознатливоста на оваа сорта на меѓународно ниво.

Локални гласови како промотори на туризмот – блог (англиски јазик) на Алекс Кревар – 24 септември 2020 година
Во последното издание на Calvert Journal, Алекс Kревар пишува за важноста на локалните „гласови“ при промоција на туристичката дестинација, притоа користејќи примери од неколку балкански земји, вклучително и Македонија. Алекс е новинар, патеписец и редовен дописник за The New York Times, National Geographic Travel, Lonely Planet и Adventure Cyclist magazine. Има кој има богато искуство во туристичка промоција на земјите од Балканот. Неодамна, Швајцарската програма ИМЕ заедно со Алекс организираше онлајн обука за локални новинари, блогери, инфлуенсери на социјални медиуми, претставници од туристичкиот сектор со цел да се зајакнат локалните капацитети за пишување патеписи и промотивни текстови за туризам. Во линкот “Read more” интегрално е пренесен написот на англиски јазик.
*Автор на насловната фотографија е Nikola Majksner/Unsplash under a CC licence
Сите бои на Шар Планина и летната привлечност на Попова Шапка – блог на Александар Самарџиев – 23 септември 2020 година
Ако во зимскиот период белата боја на снегот ја доловува убавината на Попова Шапка и Шар Планина, во лето сите останати бои се таму во разни облици и ја претставуваат привлечноста на овој центар и планина. Месеците јули и август е времето кога на падините околу Попова Шапка речиси сите посетители се во потрага по црвената боја на шумските јаготки или темносината на боровинките. Нив ги има насекаде и претставуваат главна занимација на посетителите без разлика дали се таму на еден или повеќе денови.

Најголемата планинарска тајна во Северна Македонија – блог на Горан Николоски – 23 септември 2020 година
Во западниот дел на Северна Македонија, на неколку километри од границата со Албанија и од врвот Голем Кораб, највисокиот врв на Северна Македонија и Албанија, се наоѓа една од недопрените планинарски тајни. Висок 130 метри, Корапскиот водопад, највисокиот водопад на Балканот, како тенка завеса се спушта од 2050 метри надолу, при што силниот ветер го развејува налево или надесно и го распостелува по тревата и цвеќињата.

Прв национален извештај за ИКТ индустријата претставен со швајцарска поддршка – 21 септември 2020 година
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ го презентираше првиот извештај за ИКТ индустријата во Република Северна Македонија. Околу 150 претставници од ИКТ компании, релевантни државни институции, стопански комори, донаторската заедница, како и универзитетите кои подготвуваат ИКТ работна сила, се приклучија на онлајн настанот за да ги слушнат и дискутираат заклучоците и препораките од овој извештај.

Инспирација за вински туризам во Македонија – блог на Даниел Китески – 15 септември 2020 година

Најава за настан – Презентација на Извештај за ИКТ индустријата во Северна Македонија – 10 септември 2020 година

Мода со еден клик: македонска софтверска компанија го продава својот производ на модните гиганти низ Европа со поддршка на ИМЕ – 7 август 2020 година
Пандемијата предизвикана од Ковид-19 има влијание и на модната индустрија. За прв пат во последните неколку децении има намалена побарувачка од страна на купувачите. Фабрики и продавници за облека се затвораат поради откажани нарачки, но и за да се спречи ширење на вирусот низ производствените погони. Истовремено, единствен безбеден и ефикасен начин е купувачите да се пренасочат кон онлајн продавници, тренд кој беше во пораст дури и пред пандемијата.

Македонскиот активен туризам се промовира на Lonely Planet преку видео на АППТ и швајцарската програма ИМЕ – 4 август 2020 година
Со двеминутно промотивно видео, Република Северна Македонија е претставена како врвна дестинација за активен туризам во престижниот туристички информатор Lonely Planet. Видеото, кое беше премиерно објавено оваа недела, е дел од посебна секција наречена “Daydreaming during Covid” – секција во која авторитет во туристичката индустрија ја инспирира својата милионска публика од цел свет да посетат различни дестинации, вклучително и РС Македонија.

Промотивно видео за Кратово, Куклици и Кокино во рамки на кампањата „Дома си е дома“ – 20 јули 2020 година
Кратово – град на средновековни кули и мостови. Се претпоставува дека на денешната локација на градот Кратово многу одамна постоел град под името Кратискара. Под името Кратис или Коритон каселбата се спомнува во византискиот период, а денешното име е добиено по местоположбата на градот во кратер на изгаснат вулкан.

Промотивно видео за Крушево и Прилеп во рамки на кампањата „Дома си е дома“ – 20 јули 2020 година
Скриен позади рабовите на Пелагониската Котлина лежи Крушево, градот на некогашната Крушевска Република. Куќите во градот се поставени амфитеатрално.

Промотивно видео за Берово и Пехчево во рамки на кампањата „Дома си е дома“ – 20 јули 2020 година
Во крајниот источен дел на нашата дома, во Малешевијата, природата насликала идилична слика што мора да се погледне и да се доживее. Питомите и кротки пејзажи на Малешевските Планини се еднакво прекрасни во сите годишни времиња, без разлика дали ќе ги посетите кога се обелени од снег или кога во пролетниот воздух се разнесува мирисот на планински чај.

Промотивно видео за Шар Планина, Тетово и Гостивар во рамки на кампањата „Дома си е дома“ – 20 јули 2020 година
Тетово е град во северозападна Македонија, на падините на Шара, односно во долната Полошка Котлина. Мултиетничкиот амбиент, познатите тетовски пазари, кафе и слатки се дел од белезите на градот кои не можете а да не ги почувствувате.

Промотивно видео за Преспа, Брајчино и Битола во рамки на кампањата „Дома си е дома“ – 20 јули 2020 година
Преспанската област се одликува со многу сончеви денови, а крајбрежјето на Преспанско Езеро има неколку убави песочни плажи. Постојано сте опкружени со планини со бујна вегетација. Сето тоа заедно со бистрата езерска вода нема да ве остават рамнодуши и постојано ќе ве канат на капење и релаксација.

Промотивно видео за Вевчани, Струга и Охрид во рамки на кампањата „Дома си е дома“ – 20 јули 2020 година
Симболот на југозападот на државата се чини дека е водата. Реки, езера, извори. Испресечени со ридови и планини. Комбинирани со историја, традиција и култура. Очигледно е зошто овој духовно богат простор е прв избор за многу домашни и странски туристи.

Промотивно видео за Галичник и Маврово во рамки на кампањата „Дома си е дома“ – 20 јули 2020 година
Секое годишно време има своја бајковитост во Национален Парк Маврово. Затоа оваа дестинација е совршена и за летните и за зимските периоди. Живописните села пред вас откриваат планински пејсажи и мистичноста на мијачката култура. Тиe се: Маврови Анови, Маврово, Леуново, Никифорово, Галичник, Ростуше, Гари, Јанче, Тресонче, Битуше и Лазарополе.

Промотивно видео за Смоларски водопади, Гевгелија и Дојран во рамки на кампањата „Дома си е дома“ – 20 јули 2020 година
Југоистокот од земјата нуди топло добредојде за домашните и странски гости. Ова е регион кој ќе ви открие водопади, езера, густи шуми и планински широчини.

Промотивно видео за Демир Капија, Кавадарци и Стоби во рамки на кампањата „Дома си е дома“ – 20 јули 2020 година
Во срцето на државата, по текот на реката Вардар и автопатот Е-75, се наоѓа оваа дестинација полна лозови насади и голем број винарии, кои со својата архитектура на автентичен начин ја раскажуваат македонската винска приказна.

Промотивно видео за Скопје во рамки на кампањата „Дома си е дома“ – 20 јули 2020 година
Скопје покрива 7% од целата територија на државава, котлина која е опкружена со планинските масиви на Скопска Црна Гора, Градиштанска планина, Мокра и делови од Караџица, Сува Гора и Жеден.

Сезоната на вишни како можност за летна студентска работа во Фруктана – 8 јули, 2020 година
Јуни и јули се најзафатените месеци за Фруктана, компанија за откуп и преработка на овошје и зеленчук од селото Аргулица во Општина Карбинци. Во овој период Фруктана врши откуп и преработка на свежи вишни од повеќе од 50 локални производители. По преработката, вишните се продаваат во Европа, Русија, Канада и Нов Зеланд. Покрај замрзнатите производи, компанијата продава и вишни во алкохол кои се користат за шери-чоколади, пастеризирани вишни во конзерва, како и вишни во сируп во тегла.

Програмата ИМЕ се вклучува во одбележување на Светскиот ден на велосипедот – 3 јуни, 2020 година
Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, се вклучува во одбележување на Светскиот ден на велосипедот (UN World Bicycle Day) со онлајн иницијатива „Зошто велосипед?“. Целта на оваа иницијатива е да се промовираат актерите од вело заедницата во државата како што се туроператори кои нудат велосипедски тури, ентитети кои изнајмуваат (електрични) велосипеди, организиратори на фестивали за велосипедизам, здруженија за велосипедизам итн. и да се мотивира јавноста да вози велосипед преку информирање за придобивките од истото.

Отпорност во време на криза за македонскиот ИКТ сектор – 2 јуни, 2020 година
Како резултат на кризата со Ковид-19, се случи големо забавување па дури и целосно згаснување на деловните активности во одредени сектори и компании. Додека некои сектори, како што се туризмот, угостителството и транспортот, беа меѓу првите на удар, други покажаа поголема отпорност на ова надворешно влијание.

Македонскиот ИКТ сектор во време на Ковид-19: двигател на дигиталната трансформација и социјална одговорност – 29 мај, 2020 година
Се чини како светот да се сврти кон дигиталните технологии како спас не само при спречувањето на ширењето на Ковид-19, туку и да ги адаптира социјалнните услуги и бизнис процесите во новиот начин на живот и работа. И Северна Македонија не е исклучок од ова.

Иновативни производи на македонските ИКТ компании – Банкарски четбот на MAGIX.AI – 27 мај, 2020 година
Една од иновативните ИКТ компании поддржани од ИМЕ е MAGIX.AI. Откако лоцираа недостаток на висококвалитетни автоматизирани сервиси во банкарскиот сектор, решија да развијат четбот алатка, односно виртуелизиран експерт базиран на технологија на вештачка интелигенција. ИМЕ го кофинансираше овој процес преку инструментот „Фонд за развојни можности“.

Со поддршка на ИМЕ, македонски органски лешник за првпат се извезува на швајцарски пазар – 26 мај, 2020 година
Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ ги поврза Nelkoski Organic со добропознатиот швајцарски ланец на супермаркети Coop, кои беа заинтересирани да набавуваат органски лешник од Северна Македонија. Квалитетот, вкусот и стандардите на органско производство на Нелкоски ги задоволија строгите швајцарски стандарди. Сепак, Нелкоски се соочија со дополнителна препрека за извоз кон Coop…

Интервју со Дарко Петровски, претстедател на МАЧР, по повод Светскиот ден на човечки ресурси – 20 мај, 2020 година
Секторот за информациски и комуникациски технологии – ИКТ во Северна Македонија ги следи глобалните трендови на брз раст, иновации и растечки број на работни места за високостручни кадри. Иако голем дел од ИКТ компаниите во земјава се фокусираат на аутсорсирање софтверски услуги, во пораст е трендот на компании кои создаваат и продаваат сопствени производи.

Кон подинамичен и одржлив tech сектор – ИМЕ со поддршка за ИКТ компании – 11 мај, 2020 година
Секторот за информациски и комуникациски технологии – ИКТ во Северна Македонија ги следи глобалните трендови на брз раст, иновации и растечки број на работни места за високостручни кадри. Иако голем дел од ИКТ компаниите во земјава се фокусираат на аутсорсирање софтверски услуги, во пораст е трендот на компании кои создаваат и продаваат сопствени производи.

Е-информатор на ИМЕ за периодот јануари-април 2020 – 7 мај, 2020 година
Со задоволство го споделуваме првото издание од нашиот е-информатор со содржини и активности од Програмата ИМЕ, насочена кон зајакнување на деловниот сектор во Република Северна Македонија. Мисијата на ИМЕ е да придонесе кон поволна бизнис околина во три сектори идентификувани како сектори со потенцијал за развој: одржлив агробизнис, активен туризам и информатичка и комуникациска технологија (ИКТ).

Поддршка за олеснување на условите за директна продажба за малите производители на храна – 29 април, 2020 година
Повеќе од половина земјоделските стопанства во Северна Македонија се од мал обем. Овие често се семејни стопанства, првенствено произведуваат за сопствени потреби и се потпираат на домашна работна сила. Многу од нив одгледуваат и/ или преработуваат производи од растително потекло – свежо овошје и зеленчук, џемови и мармалад, домашни тестенини, па дури и пиво, притоа честопати применувајќи традиционални рецепти.

Алатката P4P за бизнисите кои аплицираат за пристап кон финансии – 3-ти април, 2020 година
Проектот за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ ги потсетува бизнисите од трите целни сектори кои проектот ги поддржува: активен туризам, одржлив агрибизнис и информатички и комуникациски технологии (ИКТ), дека при аплицирање за поддршка од финансиски/нефинансиски институции, можат дополнително да го користат и нашиот инструмент „Плаќање по учинок“ (P4P).

Водич за органско производство на грав во суви подрачја подготвен со институтот FiBL – 16 март, 2020 година
ИМЕ и Истражувачкиот институт за органско земјоделство FiBL подготвија краток водич за органско производство на шарен („борлоти“) и црвен грав во согласност со швајцарски стандарди и барањата на веќе договорен купец од Швајцарија.

Отворен повик за предлози за Организации за деловна поддршка (Business Service Organisations- BSOs) – 9 март 2020 година
Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ објавува Повик за апликации. Преку овој Повик за аппликации, ИМЕ ќе поддржи регистрирани бизнис асоцијации и комори во три сектори (Одржлув агробизнис, Активен туризам и Информациска и комуникациска технологија (ИКТ) да преземат активности за адресирање на пошироки секторски предизвици како што се лимитиран пристап до пазари, недостаток на добро развиени и конкурентни производи, ограничено поврзување на регионално ниво, недостаток на бизнис услуги релевантни за нивните членови итн.

ИМЕ ја поддржа фирмата Touring Macedonia да се поврзе со Германскиот и Балтичкиот пазар – 28 февруари 2020 година
Преку Фондот за можности, ИМЕ ја поддржува компанијата Тouring Macedonia – тур-оператор за дојдовен туризам за искуства во локалната култура, авантурите во природа и корпоративни мотивирачки тури; и член на Националната асоцијација за дојдовен туризам. Со оваа поддршка, во јануари и февруари 2020 година, Touring Macedonia учествуваше на два меѓународни саеми во Латвија и Германија и одржа состаноци со тур оператори од овие региони.

„Гласот“ на македонскиот туризам одекна меѓународно – 20 февруари 2020 година
Националната асоцијација за дојдовен туризам е чадор асоцијација која моментално брои околу 130 членови во кои се вбројуваат тур оператори за дојдовен туризам и водичи, даватели на услуги за сместување и транспорт, ресторани, винарии, музеи и др. Асоцијацијата служи како мотор на пазарниот еконосистем преку поврзување на различните играчи со цел подобро дефинирање на туристички пакети за дојдовен туризам, обезбедувајќи платформа за соработка и поврзување, и претставувајќи ги интересите на туристичкиот сектор во земјата.

Промовирање на опрема за слободно скијање и безбедност од лавина на Попова Шапка – 13 февруари 2020 година
Денес, Shar Outdoors – туристички оператор за слободно скијање и бордање на снег на Поповаа Шапка и Боговиње, ја промовираше опремата за бесбедност од лавина обезбедена преку поддршката на Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

ИМЕ со дополнителна поддршка за македонските компании на FRUIT LOGISTICA 2020 – 7 февруари 2020 година
На овогодинешното издание на FRUIT LOGISTICA – Берлин, националниот изложбен штанд на Северна Македонија беше претставен од 10 компании- извозници на свежо овошје и зеленчук, чиво учество беше поддржано од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ)

Поддршка на Balkan Prime Tours за пристап до Шпанскиот туристички пазар – 24 јануари 2020 година
Благодарејќи на ИМЕ поддршката обезбедена преку Фондот за можности, Balkan Prime Tours имаа можност да ја промовираат Северна Македонија како туристичка дестинација на Шпанскиот пазар. Balkan Prime Tours учествува на 40то издание на Fitur, еден од најголемите саеми за туризам во светот, кој обезбедува пристап до нови пазари и контакти со тур оператори од многу земји. Дополнително на Fitur 2020, Balkan Prime Tours присуствуваше на бројни В2В состаноци со потенцијални партнери во Барселона и Мадрид.

Подобрување на стандардите за безбедност во ски центрите – 22 јануари 2020 година
Денес, Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) организираше групна работна сесија за претставниците од трите ски центри – Попова Шапка, Маврово и Нижо Поле, спасувачката ски единица од Крушево, Министерството за економија, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и ГИЗ Македонија.

„Свеж воздук, АВАНТУРА и забава!“ – ИМЕ ја поддржа кампањата за Ски центарот Маврово – 16 јануари 2020 година
За зимската сезона во 2020 година, ИМЕ го поддржа Ски центарот Маврово преку промотивна кампања потенцирајќи го чистиот воздух и можностите за адреналински спортови кои центарот може да ги понуди. Целта на кампањата „Свеж воздух, АВАНТУРА и забава!“ е да се зголеми бројот на дневни дојдовни домашни туристи во Маврово, но и да се привлечат погорем број странски туристи од регионот и пошироко.

Последователна сесија на Bootcamp-от за дигитален маркетинг во туризам – 20 декември 2019 година
Денес, ИМЕ организираше последователна сесија за 15 претставници на локалната индустрија за активен туризам кои учествуваа на Bootcamp-от за дигитален маркетинг во туризам – обука за маркетинг и менторска програма организирана од ИМЕ на почетокот на оваа година.
Инфо сесија за Фонд за можности – 12 ноември 2019 година, Скопје
Инфо сесија за Фондот за можности, инструмент кој обезбедува кофинансирање на „водечки“ компании, добавувачи, претприемачи и други актери на пазарот, во секторите Одржлив агробизнис, Активен туризам и Информациска и комуникациска технологија (ИКТ) со цел да се отстрани или намали ризикот при развој на нови производи или услуги и да се зајакне капацитетот на другите актери во синџирот на снабдување.
„Податоците како вредност“ – МАСИТ Конференција, 31 Октомври 2019 година, Скопје
ИМЕ ја поддржа конференцијата „Податоците како вредност“ организирана од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, каде 270 компании кои ја претставуваат македонската ИКТ индустрија учествуваа на панел дискусии и презентации на најновите трендови во оваа индустрија.
Официјален почеток на ИМЕ 2 Приоритети во Активен туризам, 18 октомври 2019 година, Демир Капија
Официјален почеток на ИМЕ 2 и презентација на приоритетите за следниот четири годишен период, со посебен фокус на активен туризам. Амбасадорот на Швајцарија во Република Северна Македонија, Сибил Зутер Техада, се обрати на настанот, додека тур операторите и давателите на услуги во активен туризам се придружија во откривањето на многубројните атракции кои Демир Капија ги нуди.
10th10ти Качувачки фестивал, 10-13 октомври 2019, Демир Капија
ИМЕ 2 го поддржа 10-тиот Качувачки фестивал во Демир Капија и го донесе светскиот шампион во качување Salavat Rakhmetov на настанот. За време на три дневниот фестивал, 100 качувачи меѓу кои и посетители од Норвешка, Русија, Франција, Италија, Нов Зеланд, Бугарија и Грција, се натпреваруваа на единечни или повеќе должински патеки.
ФАМ тура, 23 септември 2019 година, Преспа
ИМЕ 2 ја фасилитираше ФАМ турата каде 10 тур оператори за дојдовен туризам од Скопје и Охрид ја посетија фармата на „Spirit of Prespa“, во Царев Двор.