За нас

Програмата за зголемување на пазарната вработливост ги адресира недостатоците на пазарот преку трансформирање на целокупниот систем во трите одбрани сектори. ИМЕ во соработка со актерите на пазарот се стреми да го подобри квалитетот и испораката на услугите за деловна поддршка, пристап до финансии и инвестиции и создавање околина што ќе им овозможува на компаниите да обезбедат инклузивни можности за зголемување на обемот на вработувањата. Овие активности ќе донесат одржливи промени во секторот на активен туризам, информатичка и комуникациска технологија (ИКТ) и секторот на одржлив агробизнис, со цел да се поттикне нивен раст и да прераснат во динамични сектори кои ќе креираат благосостојба и вработувања.

Очекувани резултати

Програмата за зголемување на пазарната вработливост има за цел да креира 2.706 нови висококвалификувани работни места преку развој на приватниот сектор во избраните високорастечки сектори. Програмата ќе придонесе повеќе невработени во земјата, особено младите и жените, да добијат одржливо, пристојно вработување или самовработување и да остварат поголеми приходи. Резултатите кои се стремиме да ги постигнеме се следниве:

Резултат 1: Развој и раст на компаниите во избраните сектори преку подобрување на производите и услугите и проширување на пазарите.

Резултат 2: Подобрени услуги и унапредена политика и регулатива, со што ќе се создаде постимулативна околината за раст на компаниите во избраните сектори.

Резултат 3: Компаниите ќе обезбедат поатрактивни и инклузивни услови за работа за вработените, особено за млади и жени.

Со кого работиме

  • Со ветувачки „водечки“ компании кои имаат потенцијал да создаваат нови вработувања и да пилотираат иновативни пристапи со кои би се надминале пазарните пречки.
  • Со организации за деловни услуги (BSO) и даватели на услуги за развој на деловни активности (BDSP), со цел да се подобри квалитетот и испораката на услугите за поддршка на деловните активности, пристапот до финансии и инвестиции, како и деловната средина.
  • Со други развојни проекти во Северна Македонија и регионот, за да бидеме сигурни дека преземените интервенции ќе продуцираат најдобри можни резултати и ќе допрат до сите засегнати страни.
ime-logo-small
sdc-red-1
palladium-1
facebook
instagram