Пристап на развој на пазарни системи
Како ќе работиме за да ги постигнеме нашите цели? Нашиот пристап се заснова на пристапот за развој на пазарните системи. Она што е важно за овој пристап е дека тој е тргнува од потребите на пазарот, фокусирајќи се на постојните предизвици и побарувачка, притоа обидувајќи се да им помогне на актерите на пазарот во надминување на предизвиците и создавање повеќе можности за работа. Исто така, насочени сме кон обезбедување на стимулирање на пазарните актери, со цел да го поддржат одржливиот долгорочен раст во секторите на одржлив агробизнис и одржлив туризам.

Модалитет за вклучување на приватниот сектор
За време на излезната фаза, ИМЕ продолжува со фасилитаторска улога во подобрување на одредени функции на пазарниот систем и долгорочно менување на однесувањето на клучните пазарни актери, за да овозможи посеопфатен раст на секторите одржлив агробизнис и одржлив туризам.
Модалитетот за вклучување на приватниот сектор минува низ процес на ко-креација. Овој процес ги користи и ангажира ресурсите и капацитетите на поединците, групите на компании и останати партнери. Со иницирање, ко-управување и ко-финансирање со партнерите, ИМЕ ќе им помогне на компаниите да ги зајакнат синџирите на снабдување, поддржувајќи групи на компании да ја подобрат конкурентноста. Ова ќе доведе до подобри перформанси, поголема отпорност и поголем капацитет во водечките фирми да стимулираат инклузивен раст и креирање на работни места, трансформирајќи ги локалните економии.
За компаниите да останат конкурентни на локалниот и на странските пазари, неопходно е да ги приспособат своите деловни модели на повисоки стандарди, да инвестираат во технологии и да ги прошират своите дејности. Сепак, пазарот е комплексен. Успехот на компаниите во голема мера зависи од ефективноста на нивниот синџир на снабдување, партнерите со кои соработуваат, мрежата што ја создаваат и оптималните пазарни функции што ги применуваат. Така, модалитетот ќе се користи за поттикнување на знаење и споделување информации, техничка соработка и развој на капацитети. Водечките компании и нивните добавувачи ќе користат ресурси, мрежи, знаења и искуства за да заеднички генерираат позитивни резултати.





