Фото галерија

Координативен состанок на работните групи за создавање Стратегија за паметна специјализација – 29 ноември, Скопје

Во организација на Министерство за економија и Министерство за образование и наука, се одржа средба на претставниците од повеќе министерства, научни установи, институции и организации како и експертскиот тим ангажиран од Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, Светска банка во Северна Македонија и Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, кои заедно ќе го координираат процесот на претприемничко откривање (Entrepreneurial Discovery Process – EDP), како клучна фаза во подготовката на Стратегијата за паметна специјализација.

Глобална недела на претприемништво – 8-14 ноември 2021, Скопје

Годинешното издание на Глобалната недела на претприемништво се одржа во Скопје, од 8-ми до 14-ти ноември. Програмата ИМЕ поддржа три настани – „Иднината на работните места“ (Македонски Телеком), „Пристап до финансии“ (НЛБ Банка) и „Совет за корпоративни иновации“ (М6 Едукативен Центар), придонесувајќи за обединувањето на целиот екосистем и унапредување на претприемништвото во земјата.

Онлајн менторска сесија „Стартап Херои“ – 21 октомври 2021, Скопје

ИМЕ е еден од партнерите на предизвикот „Стартап Херои“ на Фондот за иновации и технолошки развој, имплементиран од Тинекс маркети. ИМЕ обезбедува менторска поддршка за избраните стартапи во нивната подобра подготовка да бидат успешни добавувачи на синџирот супермаркети, како и стручни совети за финализирање и зголемување на атрактивноста на нивните производи, користејќи невромаркетинг и маркетинг поддршка во организирање на промотивен настан за презентирање на избрани производи и првични анализа на мислењето на потрошувачите за производите.

Светски ден на туризмот – 27 септември 2021, Галичник

Галичник го прослави Светскиот ден на туризмот преку синергија, заедничка соработка на донаторската заедница и размена на искуства со другите компании дватели на услуга јавање на коњи.

Вебинар „Раст на бизнисот преку развој на вработените“ – 21 септември 2021, Скопје

Повеќе од 120 претставници на компании учествуваа на вебинарот „Раст на бизнисот преку развој на вработените“ и имаа можност да слушнат за трендовите, практиките и искуствата за управување со човечките ресурси како клучен фактор за зголемена продуктивност и раст на бизнисот. На вебинарот се промовираше програмата Learn2gHRow.

Промотивна тура за активен тим билдинг – 12 август 2021, Берово

Хотел Манастир-Берово беше домаќин на Промотивна тура за активен тим билдинг со цел претставување на можностите на дестинацијата Берово за тим билдинг активности пред ХР претставници и менаџери на ИКТ компании и организации. Учесниците имаа можност непосредно да искусат дел од активностите кои беа организирани согласно безбедносните протоколи за спроведување на активности на планина и во природа.

Инфо сесија за Фонд за можности – 12 ноември 2019 година, Скопје

Инфо сесија за Фондот за можности, инструмент кој обезбедува кофинансирање на „водечки“ компании, добавувачи, претприемачи и други актери на пазарот, во секторите Одржлив агробизнис, Активен туризам и Информациска и комуникациска технологија (ИКТ) со цел да се отстрани или намали ризикот при развој на нови производи или услуги и да се зајакне капацитетот на другите актери во синџирот на снабдување.

„Податоците како вредност“ – МАСИТ Конференција, 31 Октомври 2019 година, Скопје

ИМЕ ја поддржа конференцијата „Податоците како вредност“ организирана од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, каде 270 компании кои ја претставуваат македонската ИКТ индустрија учествуваа на панел дискусии и презентации на најновите трендови во оваа индустрија.

Официјален почеток на ИМЕ 2 Приоритети во Активен туризам, 18 октомври 2019 година, Демир Капија

Официјален почеток на ИМЕ 2 и презентација на приоритетите за следниот четири годишен период, со посебен фокус на активен туризам. Амбасадорот на Швајцарија во Република Северна Македонија, Сибил Зутер Техада, се обрати на настанот, додека тур операторите и давателите на услуги во активен туризам се придружија во откривањето на многубројните атракции кои Демир Капија ги нуди.

10ти Качувачки фестивал, 10-13 октомври 2019, Демир Капија

ИМЕ 2 го поддржа 10-тиот Качувачки фестивал во Демир Капија и го донесе светскиот шампион во качување Salavat Rakhmetov на настанот. За време на три дневниот фестивал, 100 качувачи меѓу кои и посетители од Норвешка, Русија, Франција, Италија, Нов Зеланд, Бугарија и Грција, се натпреваруваа на единечни или повеќе должински патеки.

ФАМ тура, 23 септември 2019 година, Преспа

ИМЕ 2 ја фасилитираше ФАМ турата каде 10 тур оператори за дојдовен туризам од Скопје и Охрид ја посетија фармата на „Spirit of Prespa“, во Царев Двор.

ime-logo-small
sdc-red-1
palladium-1
facebook
instagram