Родова застапеност и млади

Жени и млади - водечка сила за економски раст на Северна Македонија

Посветени сме на создавање висококвалификувани работни места  и економски можности за жените и младите во Северна Македонија.

Главната цел на ИМЕ е да создаде 2706 нови работни места од кои очекуваме 45% од новите работни места да ги исполнуваат жените, а шеесет проценти од младите, на возраст од 19-29 години. Наша цел е да ги подобриме можностите за висококвалификуваните жени и млади, како и да го пополниме дефицитот на работа сила во сите три сектори. Во таа насока, имаме за цел:

  • Организирање настани за вмрежување и посредување и саеми за вработување;
  • Поддршка на компаниите во нивнто препознавање и градење на сликата, како одлични работодавачи за привлекување и задржување на високо квалификувани професионалци;
  • Воведување на подобрени политики за родова и старосна инклузивност при вработување;
  • Работа со бизнис здруженија, и нивна насока кон заложбата за реформа на политиките, со цел да се олесни учеството во работната сила;
  • Охрабрување претприемништвото кај младите и жените преку нашиот фонд за развојни можности;
  • Проширување на можностите за жени и млади за пристап до вработување.

За повеќе информации ве молиме контактирајте ја Суада Статовци – Раководителка за родова и младинска вклученост, на suada.statovci@thepalladiumgroup.com

ime-logo-small
sdc-red-1
palladium-1
facebook
instagram