За нас

Фокусот на ИМЕ Програмта за време на излезната фаза е овозможување на МСП во секторите одржлив агробизнис и одржлив туризам да бидат поконкурентни, да обезбедат пристојно вработување и да придонесат за зелената транзиција на земјата. Со промовирање на развојот на економски одржливи и инклузивни бизнис модели, вклучително и дигитализација во земјоделството и туризмот, овие мали и средни претпријатија можат да го подобрат квалитетот и квантитетот на своите производи, да ги прошират своите активности, да пристапат до нови регионални и меѓународни пазари и значително да придонесат за развојот на локалните економии. ИМЕ, исто така, работи на трансформирање на постоечкиот екосистем за поддршка на бизнисите, овозможувајќи им на фирмите да иновираат, да ја применат дигиталната трансформација, да ги надградат способностите и да се развиваат.
Клучните активности се насочени кон фасилитирање на соработката меѓу актерите на пазарниот систем, со цел справување со секторските предизвици и подобрување на деловното опкружување. Ова вклучува зајакнување на капацитетот на засегнатите страни да се залагаат за реформи, да се вклучат во јавно-приватен дијалог за економските политики и политиките за зелена транзиција и да формираат сојузи за справување со пошироките предизвици на пазарниот систем. Дополнително, ИМЕ поддржува стратешки пристап до финансии и инвестиции, истовремено подобрувајќи ја севкупната овозможувачка средина за бизнисите. Овие напори се насочени кон овозможување на фирмите да обезбедат инклузивни и пристојни можности за вработување на пошироко ниво.
Очекувани резултати
Исход 1: МСП усвојуваат зелени практики, го подобруваат квалитетот и квантитетот на нивните производи и имаат подобар пристап до пазарите
Резултат 1: Добавувачите се добро интегрирани во вредносните синџири на водечките компании, обезбедувајќи производи и услуги барани од меѓународните пазари
Резултат 2: Компаниите ги разбираат еколошките принципи, барани од меѓународните пазари
Исход 2: Актерите на пазарниот систем заеднички се справуваат со секторските предизвици и ги подобруваат нивните деловни средини
Резултат 3: Засегнатите страни на пазарниот систем се залагаат и се вклучуваат во јавно-приватен дијалог за реформите во економската и зелената транзиција
Резултат 4: Креирање алијансите меѓу засегнатите страни во секторите за да се решат предизвиците на пазарниот систем
Резултат 5: Идентификувани се постоечки, нови и/или подобрени механизми за финансирање за да се овозможи развој на бизнисот
Со кого работиме?






