Успешни приказни

Дигитален каталог за одржлив туризам: Домашни дестинации за поинакво искуство

ДИГИТАЛЕН КАТАЛОГ ЗА ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ

Дали отсекогаш сте трагале по необични патувачки искуства? Запознаени ли сте со туристичката понуда за одржлив туризам кај нас?

Дигиталниот каталог за одржлив туризам претставува сумиран и корисен преглед на дестинациите и развиените производи за одржлив туризам низ С. Македонија, откривајќи го огромниот потенцијал кој земјата го поседува за планинарење, планински велосипедизам, параглајдинг, кањонинг, зимски спортови, искачување на карпи, како и агро-туризам.

Во Каталогот се опфатени следните дестинации: Скопски регион, Шар Планина, Маврово, Охрид и Преспа, Пелистер и Мариово, Крушево, Тиквешки регион, Демир Капија, Берово и Пехчево, Гевгелија.

Важно да се спомене е дека претставените даватели на услуги се постоечки партнери на Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Станува збор за неисцрпна листа на даватели на услуги за одржлив туризам. Доколку и вие работите во секторот одржлив туризам и сакате да бидете вклучени во Каталогот, испратете барање на следниот мејл contactime@thepalladiumgroup.com. Поднесените барања ќе бидат предмет на дополнително разгледување и подлежат на претходно одобрување. Нови изданија на Каталогот ќе бидат објавувани на секои три месеци, во зависност од доставените барања.

Дигиталниот каталог за одржлив туризам е достапен на следниот линк ОВДЕ.

Уживајте во понудата и откријте ги можностите за одржлив туризам!

ime-logo-small
sdc-red-1
palladium-1
facebook
instagram