Иван Шуклев: Интерес за македонското овошје и зеленчук постои, но потребен е поинаков пристап за да го произведеме она што европските пазари го бараат

ИНТЕРВЈУ
ИВАН ШУКЛЕВ, комерцијален директор на “Витториа Фруит”
Во време кога често се слуша дека младите луѓе го напуштаат земјоделството и заминуваат да работат во странство, Иван Шуклев е позитивен пример за спротивното. Тој е млад човек едуциран во странство, кој одлучил да се врати во Македонија и да гради бизнис во агросекторот, применувајќи знаење и технологија по примерот на успешните европски земји.
Иван Шуклев е комерцијален директор во компанијата „Витториа Фруит“, која располага со едни од најголемите лозови насади за трпезно грозје на Балканот. Станува збор за семејна компанија основана во 2007 година од неговиот татко, адвокат по професија, кој верувал дека земјоделството има иднина. По завршувањето на едукацијата во Словенија, наместо да остане да работи во банка, Иван се враќа во Македонија и во 2015 година се приклучува во градењето на успешен агробизнис, со јасна визија како да се развива и да се натпреварува на европските пазари.
Прочитајте го целосното интервју на Извоз.мк

