Новости

Комерцијализација на Центар за преработка на храна (FOOD HUB) во Пехчево и можност за дополнителна поддршка од Програмата ИМЕ

Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, финансиски поддржана од We Effect, во соработка со Програмата ИМЕ, отвори јавен повик за идентификување на оператор заинтересиран за комерцијализација на Центар за преработка на храна (Food Hub) – Пехчево преку партнерство со ЛАГ Малеш-Пијанец.

Во рамки на Јавниот повик, покрај користењето на Центарот за преработка на храна (FOOD HUB) во Пехчево, избраниот оператор може да добие дополнителна поддршка од Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

Поддршката од Програмата ИМЕ може да вклучува кофинансирање на различен вид на активности за поуспешна комерцијализација и модернизација на Центарот, на пример: градење на ланецот на снабдување суровини, воведување нова технологија, нови производи, набавка на специфична опрема, стручна експертска поддршка, воведување на стандарди, маркетинг активности, поврзување со пазарот и нови продажни канали, поврзување со добавувачи со инпути, нови вештини и обуки за вработените и слично, во согласност со потребите на операторот.

Со цел подетално запознавање со Центарот за преработка на храна и посета на просторот, на 15.07.2022 ќе биде организиран ИНФО ДЕН, на кој заинтересираните апликанти ќе може да закажат посета и состанок со претставници од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, ЛАГ Малеш-Пијанец и ИМЕ. Доколку постои интерес, може да се организираат и дополнителни информативни средби и состаноци за повеќе информации.

Апликантите своите предлог-решенија треба да ги поднесат електронски, на следната мејл адреса: elizabeta.r@ruralnet.mk.

Крајниот рок за аплицирање на повикот е 22.07.2022 година.

Јавниот повик е достапен ОВДЕ.

ime-logo-small
sdc-red-1
facebook
instagram