Што е ново во ИМЕ

Кон подинамичен и одржлив tech сектор – ИМЕ со поддршка за ИКТ компании

Секторот за информациски и комуникациски технологии – ИКТ во Северна Македонија ги следи глобалните трендови на брз раст, иновации и растечки број на работни места за високостручни кадри. Иако голем дел од ИКТ компаниите во земјава се фокусираат на аутсорсирање софтверски услуги, во пораст е трендот на компании кои создаваат и продаваат сопствени производи. Но, и покрај потенцијалот за раст и поддршка во секторот, голем дел од малите и средни ИКТ компании сè уште имаат потешкотии да обезбедат капитал за развој на нови производи и проширување на нови пазари.

ИМЕ нуди поддршка на ИКТ компании кои имаат потенцијал за раст и развој во секторот. Преку нашите инструменти за кофинансирање, им нудиме поттик потребен за да ги надминат препреките и да го остварат својот потенцијал.

ИМЕ ги поддржува компаниите:

  • Да пристапат до дополнителни финансиски средства за развој на нови софтверски производи и услуги;
  • Да пристапат до нови пазари и потенцијални клиенти каде ќе ги понудат своите производи и услуги;
  • Да обезбедат сертификати кои се бараат на пазарот, а со тоа да станат поконкурентни.

Крајниот резултат од продажбата на новите производи на нови клиенти и пазари значи зголемена продажба, профит и нови работни места во ИКТ секторот.
ИМЕ веќе има склучено соработка со неколку мали и средни ИКТ компании. Повеќето производи кои се развиени со поддршка од нашата програма се развиени користејќи ја технологијата на вештачка интелигенција и во согласност со побарувачката на пазарот. Оваа технологија служи како позадински механизам во голем број процеси од нашето секојдневие, но и како поддршка на бизнис процеси и операции на глобални компании. На пример, дел од иновативните производи и компании поддржани од ИМЕ се алатката за препораки на база на визуелни сличности што се користи во малопродажба во модната инсустрија, а е развиена од Pyxile.ai и чет-ботот за поддршка на корисници во банкарскиот систем, развиен од MAGIX.AI (фотографии од двата производи погоре). ИМЕ исто така им помага на компаниите да пристапат до нови пазари и клиенти.

ime-logo-small
sdc-red-1
palladium-1
facebook
instagram
twitter-40x40