Што е ново во ИМЕ
Алатката P4P за бизнисите кои аплицираат за пристап кон финансии
Дополнителна финансиска помош често им е потребна на бизнисите кои сакаат да го прошират своето делување, да започнат со нова услуга или производ или пак да пристапат на нов пазар, а во исто време да ја задржат ликвидноста. За пристап до такви дополнителни финансиски средства, бизнисите најчесто аплицираат кај финансиски или нефинансиски инстиуции, како што се заеми од комерцијални банки или пак грантови од разни донатори, вклучувајќи и поголеми билатерални и мултилатерални донаторски агенции.
Проектот за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ ги потсетува бизнисите од трите целни сектори кои проектот ги поддржува: активен туризам, одржлив агрибизнис и информатички и комуникациски технологии (ИКТ), дека при аплицирање за поддршка од финансиски/нефинансиски институции, можат дополнително да го користат и нашиот инструмент „Плаќање по учинок“ (Pay for Performance – P4P). Инструментот P4P им помага на фирмите да се поврзат со индивидуални консултанти и консултантски компании и да ги здружат силите при подготовка на апликацијата. Техничката поддршка дадена од искусни консултанти може да придонесе за побрз и поедноставен процес на апликација.
Програмата P4P е систем на плаќање по учинок. За активирање на инструментот P4P, бизнисите треба да користат поддршка од консултанти и консултантски компании со кои ИМЕ соработува – целосен список достапен ТУКА. Ги охрабруваме бизнисите директно да ги контактираат консултантите и да разговараат за можностите за соработка.
Подетален преглед на видовите бизниси кои можат да го користат инструментот P4P:
Одржлив агробизнис |
|
Активен туризам |
|
ИКТ |
|
За сите дополнителни информации во врска со инструментот P4P, ве молиме контактирајте со раководителката на компонентата за деловни услуги при ИМЕ, Тања Георгиевска на: tanja.georgievska@thepalladiumgroup.com