Прес соопштенија

Поддршката на Развојна банка за дигитализација овозможува раст и развој на компаниите и економијата

Претседателот на владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска со амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман Марти и со директорот на Развојна Банка, Кире Наумов ја промовираа новата кредитна линија за дигитализација и дигитална трансформација за компаниите. Премиерот во своето обраќање истакна дека целта на владата е земјата да оди напред, да има силен економски раст и развој, затоа и заложбата за креирање можности за пристап до средства за инвестирање во имплементација на дигитални стратегии и планови односно дигитална трансформација.

Прочитајте повеќе.

Девет иновативни Стартап херои ги пласираа производите во „Тинекс“

Девет македонски стартап компании започнуваат со продажба на своите иновативни производи во рамките на предизвикот „Стартап Херои – Од супер идеја до супер маркет“, кој го реализираше Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со корпоративниот партнер Тинекс маркетите и поддршка од Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

Прочитајте повеќе.

Се изработува Стратегија за паметна специјализација, стратешки документ кој ќе обезбеди модерен пристап за економски напредок на Северна Македонија

Се интензивира процесот за креирање на Стратегија за паметна специјализација кој започна во 2019 година. Целта е Северна Македонија час поскоро да добие стратешки документ кој обезбедува модерен пристап за економски развој, преку меѓусебно поврзување на академската заедница, бизис секторот, владините институции и граѓанскиот сектор за заедничко детектирање и делување во областите во кои државата има најголем потенцијал и доволно ресурси да инвестира. Со тоа ќе се забрза севкупниот државен напредок и конкурентност во глобалната економија.

Прочитајте повеќе.

Швајцарската програма – ИМЕ е дел од експертскиот тим за создавање на Стратегијата за паметна специјализација

Во организација на Министерство за економија и Министерство за образование и наука, се одржа средба на претставниците од повеќе министерства, научни установи, институции и организации како и експертскиот тим ангажиран од Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, Светска банка во Северна Македонија и Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, кои заедно ќе го координираат процесот на претприемничко откривање (Entrepreneurial Discovery Process – EDP), како клучна фаза во подготовката на Стратегијата за паметна специјализација.

Прочитајте повеќе.

Разговори со лидери: Конференција за предизвиците и решенијата за развој на земјоделството и прехранбената индустрија во регионот

Неопходни се нови политики, правила и модел што ќе овозможат одржлив развој на македонското земјоделство и прехранбена индустрија. Новиот систем треба да биде прилагоден на спецификите, локалните услови и потребите на секторот, но истовремено треба да ги вгради искуствата и позитивните практики од водечките светски развиени земјоделски системи, каков што е италијанскиот.

Прочитајте повеќе.

Ралф Неф: Крушево нуди неограничени можности за планински велосипедизам

Тим од Швајцарски експерти на компанијата GFC Sports Management AG предводени од светскиот шампион во планински велосипедизам Ралф Неф (Ralph Näf), неделава во Крушево започнаа  анализа на потенцијалот и план за градење на велосипедски патеки.

Прочитајте повеќе.

Нов предизвик на ФИТР: „Стартап херои” – Од супер идеја до супер маркет

За прв пат во земјата, Фондот за иновации и технолошки развој започнува еден поинаков предизвик, насловен како „Стартап херои“ , прв проект кој се спроведува во рамките на Програмата за корпоративна иновативност. Предизвикот се реализира во соработка со Тинекс а поддржан е од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка и Фактор траст – финансиско друштво за факторинг.

Прочитајте повеќе.

ФИТР и ИМЕ со нова соработка за комерцијализирање на дигитални решенија во земјоделскиот сектор

Фонд за иновации и технолошки развој и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе се обезбеди директна менторска поддршка за побрза комерцијализација и примена на проектите кои ќе бидат одбрани преку јавниот повик Предизвик за дигитализација на земјоделството на ФИТР.

Прочитајте повеќе. 

ime-logo-small
sdc-red-1
palladium-1
facebook
instagram