Новости
Поддршката на Развојна банка за дигитализација овозможува раст и развој на компаниите и економијата
Кире Наумов, директор на Развојна Банка истакна дека следејќи ги одредбите од Стратегијата за СМАРТ специјализација на Владата на РСМ, како и препораките на Анализата направена преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Развојната банка на Северна Македонија , од почетокот на овој месец воведува нова кредитна линија за дигитализација и дигитална трансформација.
„Кредитната линија е креирана со цел поддршката на компаниите кои инвестираат во дигитализација и дигитална трансформација. Истата ќе се реализира преку квалификувани банки-учеснички, со поволна каматна стапка од 2,9% до крајните корисници. Компаниите ќе можат да користат максимум 300.000 ЕУР за набавка на основни средства до 8 години со вклучен грејс период до 12 месеци, и максимум 100.000 ЕУР за обртни средства до 5 години со вклучен грејс период до 6 месеци.
Развојната банка континуирано ги прилагодува своите производи во насока на поддршка на компаниите во новонастанатите услови на работење“, истакна директорот Наумов.
Развојната Банка, одигра значајна улога во време на економската, енергетската и ковид кризата. Со понуда на поволни кредити но ниски каматни стапки, за малите и средни компании владата создаде амбиент за подобрување на домашната конкурентност, поддршка на извозот и економски раст и развој. Развојна Банка зазема активно учество во имплементирање на антикризните мерки кои ги донесуваше Владата.
На стопанството му беа ставени на располагање и ЕИБ-кредитните линии со поволна камата, од кои 41 милион евра се пласираа од ЕИБ 6, а останатите кредити беа пласирани од револвинг средствата.
Со тоа од страна на Развојната банка за поддршка на стопанството за три години беа пласирани речиси 300 милиони евра за поддршка на 7.500 проекти, од кои само во 2022 година пласирани се средства во износ од 107 милиони евра поволни кредити за поддршка на ликвидноста на компаниите, инвестиции во заштеда на енергија и инвестиции во обновливи извори на енергија. Преку реализација на кредитната линија за поддршка на компаниите погодени од енергетската и ценовната криза, на почетокот на 2023 година Развојната банка со поддршка на Владата која дообезбеди средства поради големиот интерес, беа поддржани 262 компании во износ од 7,3 милиони евра.
Во време на Ковид кризата беа поддржани 4.134 компании со износ од 45 милиони евра.