News

Збогатување на туристичката понуда во Охрид како атрактивна дестинација за активен туризам

Охридскиот регион се соочува со недоволно развиени производи од сферата на активниот/ авантуристички туризам. Иако регионот на Охридското Езеро е водечка туристичка дестинација во земјата за сезонски рекреативен и културен туризам, производи за активен туризам недостасуваат или се недоволно развиени за да бидат конкурентно интегрирани во севкупната понуда. Потребно е зголемување на атрактивноста, со цел привлекување поголем број на вонсезонски туристи.

Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ ги увиде потребите на пазарот и поврзувајќи локални даватели на услуги со меѓународно признат тур-оператор, работи на диверзификација на активната понуда за туризам во оваа дестинација. Со интегративна улога тур-операторот „Фибула“, идентификуваше шест компании на кои им е потребно подобрување на производот.

Алијансата работи на здружено развивање на нови, еколошки производи за одржлив активен туризам, притоа користејќи иновативни дигитални промотивни алатки за да допрат до што поголема популација во земјава и странство. Ваквиот здружен пристап овозможува развивање на понудата во гастрономијата, руралниот и планинскиот туризам, водените спортови, како и во зголемување на степенот на безбедност на производите.

Партнерите на ИМЕ од секторот, кои се вклучени во иницијативата се: Балаклија, еко градина на одлична локација во која има локални производи, а посетителите самите уживаат во процесот на подготовка и автентичен рурален амбиент.

Во развој на центар за водените спортови ќе бидат вклучени Су Хотел, кој го збогатува искуството на посетителите со услуги за водени спортови, воведувајќи суп-даски и кајаци во понудата. Понатаму, Mountain Madness, кој нуди пешачки тури до Национален парк Галичица, кампување на брегот на Охридското езеро, во малото село Пештани, со дополнителна можност за изнајмување на кајаци и суп-даски. Исто така, Sup Club, компанија во женска сопственост ја збогатува понудата во Охрид со воведување на три други производи – кајакарство, едрење на даска и уникатен простор за јога и вежбање.

Безбедноста на производот е фокусот кај Нуркачки центар – Амфора кој на туристите им овозможува уникатни нуркачки искуства во Охридското Езеро. Дополнително, Амфора има и школа за нуркање за сите ентузијасти. Поради големата побарувачка, Амфора ќе обезбеди безбедносни одела со цел опслужување на што поголем број на туристи од различни возрасти.

Во рамките на активностите за промоција, Фибула заедно со сите чинители изработи иновативно интерактивно видео со цел подобро таргетирање на потенцијални туристи и тур оператори од западно-европските земји.

Сите компании се фокусирани на развој на одржливи туристички активности. Ваквите иницијативи за воведување нови атрактивни производи и услуги за збогатување на искуството на туристите, ќе ги охрабрат да се задржат подолго и да потрошат повеќе во дестинацијата, што позитивно ќе се одрази на подобрување на локалниот економски раст на долг рок.

ime-logo-small
sdc-red-1
facebook
instagram