Регистрирај се!

Програма

РАСТРАЗВОЈна бизнисот прекуна вработените

Одлична можност да научите и да стекнете практични вештини за управување со човечките ресурси како клучен фактор за зголемена продуктивност и раст на вашиот бизнис.

Со задоволство ве покануваме да се пријавите на Програмата:

„РАСТ на бизнисот преку РАЗВОЈ на вработените“

Колку сте задоволни од вештините на вашите вработени?

Како работата може да е подобро организирана, а вработените да се поангажирани?

Како ги развивате и задржувате вработените? 

Каква обука добиваат новите вработени за побрзо да се вклопат во тимот?

Како КОВИД19 кризата влијаеше врз управувањето со вработените во бизнисот?

Што нудите како работодавач за младите, жените, лицата со посебни потреби?

Знаете ли зошто на бизнисите им требаат инклузивни политики за човечки ресурси?

За Програмата

Програмата  има за цел да ја истакне улогата на човечкиот капитал и важноста на инклузивните политики и практики за човечки ресурси како алатка за одржлив развој на компаниите. Оваа Програма нуди директна поддршка на малите и средните компании во Македонија во областа на управувањето со човечките ресурси. Базирана е на реални искуства и најдобри светски практики и методологии. Програмата истотака поттикнува воспоставување инклузивни практики за управување со човечките ресурси, со фокус на менторството и коучингот на новите вработени.

Програма “LEARN2GHROW” или „РАСТ на бизнисот преку РАЗВОЈ на вработените” ќе се реализира во периодот октомври 2021- јануари 2022 година.

Партиципацијата на компаниите во Програмата “LEARN2GHROW” е ко-финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC) преку Проектот за Зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) и Проектот Образование за вработување (Е4Е).

Вкупната сума за учество на програмата е 149.000 ден. Kомпанијата плаќа само 53.000 ден + ДДВ, директно на компаниите спроведувачи на Програмата.

За повеќе детали контактирајте ги лица:

Аплицирањето на програмата може да го направите со пополнување на следниот Формулар!

Цели на Програмата

  • Забрзување на процесите на вклопување на нови вработени во тимот, со фокус на инклузија на млади и жени
  • Зголемување на ангажираноста и учинокот
  • Намалување на обртот на вработени/ повисок процент на задржување
  • Раст на бизнисот низ финансиски индикатори

Кој може да се пријави?

Програмата е наменета за сите компании кои имаат визија за развој и утврдени потреби за стручна поддршка за управувањето и развојот на вработените, а ги исполнуваат слeдниве услови:

  • Компании со македонска сопственост (со основачки удел е над 51%)
  • Постоење на компанијата над 3 години
  • Број на вработени минимум 20
  • Годишен обрт над 1.000.000 денари, во последната фискална година
  • Капацитет да назначат до 3 лица за активно учество во проектот и спроведување на активностите во компанијата, од кои:
    • едно лице е на ниво на носење одлуки (сопственик, менаџер на ЧР и сл)
    • минимум две лица кои ќе обучуваат за интерни ментори по програмата за менторство на нови вработени, избрани според зададени критериуми

Што добивате?

  • Можност да ги истакнете специфичните предизвици со кои се соочувате, преку директна длабинска проценка на потребите на секоја компанија
  • За секоја компанија, содржина на програмата скроена според реалните потреби и промени.
  • Практично искуство и вештини за сите учесници преку работа на практичен пример на вовед на вработен на нова позиција или развој на постоечки вработен за проширување на опсегот на неговата работа/подобрување во конкретна област од постоечкиот опсег.
  • Менторски персонализирани еден на еден сесии со искусни ментори/обучувачи.
  • Стручна обработка на специфични прашања од реализацијата на менторската програма со конкретниот вработен, како и прашањата произлезени од практичната работа, личните предизвици на менторот во работата со вработениот, стилот на менторирање итн.
  • Поврзување со Универзитети за полесен и поефикасен начин на обезбедување вработени.
  • Шанса за млади дипломирани лица да се ангажираат преку организирана менторска програма и побрзо да се вклопат во компаниите.

HR Експерти

PhotoNI2

Наташа Ивановска

Сертифициран обучувач, бизнис коуч, консултант за ЧР и маркетинг

PhotoBV

Биљана Велевска

Сертифициран обучувач, консултант за организациски развој и човечки ресурси

Контакт

За повеќе информации, Ве молиме слободно контактирајте со:

emailp

Наташа ИвановскаСертифициран обучувач, бизнис коуч, консултант за ЧР и маркетинг – компанија Инсајт Груп

е-маил:  natasa.ivanovska@insight.mk

emailp

Биљана ВелевскаСертифициран обучувач, консултант за организациски развој и човечки ресурси – компанија Самеримпекс Импулси

е-маил:  biljana@impulsi.com.mk