Настанот се одржа на 21.09.2021 година. Доколку сте заинтересирани ве поканува да ја погледнете видео снимката од настанот прикажана подолу на оваа страница.
Одлична можност да слушнете и поразговарате за трендовите, практиките и искуствата за управување со човечките ресурси како клучен фактор за зголемена продуктивност и раст на вашиот бизнис.
Со задоволство ве покануваме на нашиот вебинар!
„РАСТ на бизнисот преку РАЗВОЈ на вработените“
21 септември 2021 година, 10:00 часот
Колку сте задоволни од вештините на вашите вработени?
Како работата може да е подобро организирана, а вработените да се поангажирани?
Како ги развивате и задржувате вработените?
Каква обука добиваат новите вработени за побрзо да се вклопат во тимот?
Како КОВИД19 кризата влијаеше врз управувањето со вработените во бизнисот?
Што нудите како работодавач за младите, жените, лицата со посебни потреби?
Знаете ли зошто на бизнисите им требаат инклузивни политики за човечки ресурси?
За настанот и Програмата
Вебинарот „РАСТ на бизнисот преку РАЗВОЈ на вработените“ се фокусира на областите коучинг и менторство за вовед на вработените на работното место, како клучен фактор за забрзано вклучување во работните процеси, задржување и зголемена продуктивност. Вештините кои се добиваат преку процесите на коучинг и менторство се применливи во областите менаџмент и лидерство, важни за развојот на секоја компанија. Содржините на настанот се организирани во формат на работилница со цел учесниците да стекнат основни практични знаења и да добијат идеи како истите да ги применат во своите компании.
Вебинарот е составен дел на новата Програма “LEARN2GHROW” или „РАСТ на бизнисот преку РАЗВОЈ на вработените” која ќе се реализира во периодот октомври 2021- јануари 2022 година, а за која аплицирањето ќе почне наскоро. Програмата има за цел да ја истакне улогата на човечкиот капитал и важноста на инклузивните политики и практики за човечки ресурси како алатка за одржлив развој на компаниите. Оваа Програма нуди директна поддршка на малите и средните компании во Македонија во областа на управувањето со човечките ресурси. Базирана е на реални искуства и најдобри светски практики и методологии. Програмата истотака поттикнува воспоставување инклузивни практики за управување со човечките ресурси, со фокус на менторството и коучингот на новите вработени. Погледнете ја Програмата на следниот линк.
Цели на настанот:
- Мотивација и охрабрување на компаниите да вложат ресурси за развој на човечкиот капитал, како услов за раст на бизнисот.
- Стекнување информации за големата слика, од аспект на најновите истражувања во областите коучинг и менторство на вработени, како и креирањето на позитивни практики за управување со човечкиот капитал.
- Обезбедување примери на добри практики од компании каде овој пристап дава резултати.
- Поттикнување интерес за примена на овие практики во компаниите во Македонија, преку вклучување во ко-финансирана Програма (прва генерација со специјални поволности за учесниците)
Учесници: На настанот се поканети за земат учество сите заинтересирани лица или компании кои сакаат да дознаат повеќе за развојот и управувањето со човечките ресурси.
Пријавување: Пријавувањето се прави електронски преку пополнување Форма за регистрација. За повеќе информации, ве молиме погледнете ја секцијата Пријавување.
Јазик: Работен јазик на настанот е македонски.
Место: Настанот ќе биде организиран во хибриден формат. Сите заинтересирани учесници кои ќе ја пополнат Формата за регистрација ќе добијат линк за онлајн присуство на настанот преку платформата ZOOM.
Време: Настанот ќе се реализира на 21 септември 2021 година. Почетокот на настанот е предвиден во 10:00 часот. Учесниците се очекува да се приклучат на ZOOM платфромата помеѓу 09:30 и 10:00 часот (ЦЕВ). За повеќе детали, Ве молиме погледнете ја агендата подолу.
Агенда
Време | Активност |
---|---|
09:45 – 10:00 | Регистрација |
10:00 – 11:15 | Отворање на настанот и претставување на говорниците. Најава на темата, проектот и придобивките за учесниците.⇒ Предизвици на компаниите да најдат, воведат и задржат квалитетни вработени и ефектите врз бизнисот, предизвиците со Ковид кризата и можни решенија од овие предизвици – од теорија кон пракса.
Учесниците ќе може да се вклучат со поставување прашања до панелистите преку платформата ZOOM. |
11:15- 11:30 | Пауза |
11:30 – 13:15 | ⇒ Програма “Раст на бизнисот преку развој на вработените” – Што добиваат компаниите? ⇒ Позитивни искуства од примената на слични практики за човечки ресурси при развој на бизнисот, особено во Ковид кризата.
Учесниците ќе може да се вклучат со поставување прашања до панелистите преку платформата ZOOM. Програмата “Раст на бизнисот преку развој на вработените” – следни чекори и начин за пријавување. |
HR Експерти
Сертифициран обучувач, бизнис коуч, консултант за ЧР и маркетинг
Сертифициран обучувач, консултант за организациски развој и човечки ресурси
Панелисти
Контакт
За повеќе информации, Ве молиме слободно контактирајте со:

Наташа Ивановска – Експерт за човечки ресурси во Инсајт Груп и Модератор на вебинарот
е-маил: natasa.ivanovska@insight.mk
Видео снимка од настанот
Фотографии од настанот
Организатори
во партнерство со: